Достапни линкови

Разрешен претседателот на Парламентот на Молдавија


Претседателот на молдавискот парламент Маријан Лупу

Претседателот на молдавискот парламент Маријан Лупу

Претседателот на молдавискот парламент Маријан Лупу е разрешен од функцијата. 76 пратеници од 101 во Парламентот гласале во корист на предлогот. Пратениците од партијата на поранешниот премиер Влад Филат застанаа на страната опозициските комунисти кои гласаа против Лупу.
Неговата оставка доаѓа по одлуката на Уставниот суд дека предлогот на претседателот Николае Тимофти за премиер да биде именуван Филат е неприфатлив, бидејќи неговата влада ја загуби довербата во Парламентот во март годинава.
XS
SM
MD
LG