Достапни линкови

Бан Ки Мун бара прекин на снабдувањето со оружје во Сирија


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги повика арапските држави да престанат со снабдување на оружје на двете страни во сирискиот конфликт. Тој го искажа својот апел за време на состанокот со генералниот секретар на Арапската лига Набил Елараби и катарскиот премиер Хамад Бин Јашим Ал Тани во седиштето на ОН. Но, според Елараби невозможно е да се запре приливот на оружје во ова време. Тој објасни дека откако сириската влада добива оружје од "одредени партии", истото би требало да го добиваат и бунтовниците за да постои "рамнотежа". Русија која важи за близок сојузник на сирискиот претседател Башар ал Асад е голем оружје снабдувач на Сирија, наводно, заедно со Иран и Хезболах. Повиците на Катар доведоа до тоа бунтовниците да добиваат се повеќе тешко оружје.
XS
SM
MD
LG