Достапни линкови

Ештон: Нема приближување на ставовите со Иран


Еврокомесарката за надворешни работи Кетрин Ештон вели дека позицијата на шестте светски сили и иранската позиција остануваат дијаметрално спротивставени и покрај дводневните интезивни разговори во Алмати.
Рускиот замник министер за надворешни работи Сергеј Ријабков изјави дека двете страни не можеле да изнајдат „меѓусебно разбирање“ за темата, а следната средба се уште не е договорена.
Ваквите коментари доаѓаат по долгите разговори за нуклеарната програма на Техеран меѓу Ештон и главниот ирански преговарач Саид Џалили.
Иранските дипломати пред средбата со Ештон оддржаа одвоени средби и со кинеска и руска дипломатска делегација. Претставникот на 6-те светски сили, Русија, САД, Кина, Франција, Британија и Германија по втор пат за еден месец се среќава со иранскитот преговарачки тим во Алмати.
XS
SM
MD
LG