Достапни линкови

logo-print

Протести во Москва


Стотици демонстранти се собраа денеска во центарот на Москва и бараат ослободување на политичките активисти кои се во затвор по минатогодишните судири со полицијата. Демонстрантите на протестите држеа транспаренти на кои беше испишано „ослободете ги заложниците“ а дел од нив држеа во рацете фотографии од затворените политички активисти.
Апсењето на демонстрантите во мај минатaта година на демонстрациите кои настанаа поради повторното враќање на Владимир Путин на претседателската функција, стана причини за зачестените протести на опозициското движење.
Вкупно 25 луѓе беа обвинети за учество во насилните протести на 6 мај 2012 година.
XS
SM
MD
LG