Достапни линкови

МВР-двајца од наводните гласачи од Пустец се турски државјани


Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

МВР утврдило дека наводните жители на Пустец регистрирани на адреса на улицата Народен Фронт во Скопје биле турски државјани. Според министерството, двете лица кои биле снимани и емитувани во некои медиуми посочени на адресата од страна на СДСМ студираат во Македонија. Тие легално престојуваат во земјата со уште тројца турски државјани и пристигнале во земјата преку агенција за посредување при школување.
Од МВР соопштија дека за манипулацијата пласирана преку некои од медиумите ќе бидат известени претставниците на набљудувачките мисии.
XS
SM
MD
LG