Достапни линкови

Обама ја потпиша наредбата за буџетските кратења


Американскиот претседател, Барак Обама ја потпиша наредбата за кратење на буџетските трошоци за 85 билиони долари. Тој беше против тоа и претходно побара од Демократите и Републиканците да изнајдат компромис но тој не успеа. Драстичните намалувања на трошоците имаат за цел справување со долгот на земјата од 11,7 билиони долари. Кратењата ќе ги засегнат домашните агенции со 5 проценти а Пентагон со 8 проценти од средствата во периодот од 1 март до 1 октомври.
XS
SM
MD
LG