Достапни линкови

logo-print

Пентагон ги приземји ловците Ф35


Пентагон синоќа соопшти дека ја приземјува целата флота Ф-35 ловци, откако е утврдено дека постои дефект во моторот на авионите. Дефектот е забележан за време на рутинската инспекција на авионите во воздухопловната база Едвардс во Калифорнија. Ловците Ф-35 претставуваат најскапата борбена програма на американската војска, чија вредност се проценува на приближно 400 милијарди долари. Авионите нема да летаат се додека не се утврди која е причината за проблемот на шасијата на моторот.
XS
SM
MD
LG