Достапни линкови

Странците бараат итно надминување на тензиите


Средба на известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит со претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски.

Средба на известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит со претседателот на македонското собрание Трајко Вељаноски.

Состојбата е многу сериозна и за земјата и за нејзината иднина во Европа, изјави европратеникот Ричар Ховит. ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД повикаа сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог.

Состојбата е многу сериозна и за земјата и за нејзината иднина во Европа, изјави европратеникот Ричар Ховит, по средбата со претседателот на собранието, Трајко Вељаноски.
Состојбата е многу сериозна и за земјата и за нејзината иднина во Европа. Ќе имам многу повеќе да кажам утре, но мој приоритет е најпрвин да ги сослушам и да поразговарам со сите партии. Тогаш ќе ја оформам мојата изјава во целост.

„Состојбата е многу сериозна и за земјата и за нејзината иднина во Европа. Ќе имам многу повеќе да кажам утре, но мој приоритет е најпрвин да ги сослушам и да поразговарам со сите партии. Тогаш ќе ја оформам мојата изјава во целост“, изјави Ховит.

Голема загриженост за политичката состојба во земјава изразуваат и шефовите на мисиите на Европската унија, НАТО, ОБСЕ и на Соединетите Држави.
Средба на известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит со членови на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот.

Средба на известувачот на Европарламентот за Македонија Ричард Ховит со членови на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот.


Со зголемена загриженост ја следиме политичката состојба во земјава. Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани, се вели во заедничката изјавата од ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД.
Потребни се итни мерки за надминување на политичките тензии кои уследија по настаните од 24 декември. Ги повикуваме сите страни максимално да го зајакнат политичкиот дијалог, да се фокусираат на стратешките приоритети на земјата и да ги стават на прво место најдобрите интереси на земјата и нејзините граѓани.

Претходно, Ховит прашуваше, а пратениците од постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓаните, одговараа. Во ваква атмосфера, без присуство на македонската опозиција, помина работата на оваа комисија. Европратеникот неколкупати се обиде да објасни дека неговото присуство во работата на комисијата не е поврзано со политичките случувања и изрази воздржаност од коментари пред да се сретне со сите релевантни политички субјекти.

Претседателот на комисијата Беким Фазлиу од ДПА изрази загриженост за состојбата со човековите права. Рече дека расте бројот на поплаки и жалби во однос на прекршувањето на човековите права и дека судството е нереформирано до крај, дека е зависно од Владата и дека постојат голем број на случаи кои со години не се решаваат.

„Граѓаните се жалат во однос на судството. Најпроблематичен е големиот број на жалби и поплаки од граѓаните без оглед на нивната етничка припадност. Граѓаните се жалат на делотворноста на судството. Во Македонија не се успешни реформите во судството, тоа е зависно од политиката и владините структури. Кај нас судствот не е докрај реформирано“, изјави Фазлиу.

Сузана Салиу од ДУИ изрази жалење за отсуството на колегите од опозицијата, кои како што рече секогаш биле критични при работењето на комисијата. Се обиде да објасни дека проблем во земјава не се законите, туку нивното спроведување и независноста на институциите.

Нашата рака е подадена, рече Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ. Уште еднаш ја повика опозицијата да се врати во парламентот, оти нејзиното место било таму. На Ховит му објаснуваше колку е важно формирањето на анкетна комисија која ќе даде одговор на случувањата на 24 декември.

По говорот на пратениците од владејачкото мнозинство, Ховит изјави дека разбира оти отсуството на опозицијата, фрла сенка во работата на парламентот, но истакна дека е важно тоа да не се одрзаи на основните права и слободи. Тој изјави дека забелешките од комисијата ќе бидат вклучени во извештајот на Европската Комисија за напредокот на земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG