Достапни линкови

Се ситнат шансите за излез од кризата


Архивкса фотографија - Средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.
Архивкса фотографија - Средба на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски.

Истекуваат деновите за договор меѓу власта и опозицијата за надминување на разликите. И едните и другите остануваат на своите ставови, но останува надеж дека ЕУ ќе допринесе за излез од кризата.

На четири дена пред истекот на рокот за доставување на кандидатските листи, се уште е неизвесно дали власта и опозицијата ќе успеат да се договорат и да ги надминат разликите.
Да не ги повторуваме познати ставови, да се посветиме на тоа како да ја разрешиме кризата во воие три четири дена. Без почеток на политички дијалог, не на пониски нивоа и не само преку посредништво на странски претставници, туку со суштински разговори меѓу сите може да се постигна решенијата кои се неопходни и за граѓаните и за Република Македонија.
Ивон Величковски, претседател на Либерална партија

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ не добивме коментар на прашањето дали во следните неколку дена може да се случи договор. Директорот за комуникации Илија Димовски на кого не упатија за изјава, не одговори на нашите повици. Од партијата остануваат на ставот дека локални избори ќе има и очекуваат опозицијата да учествува на изборите.
Протест на опозицијата во Скопје
Протест на опозицијата во Скопје

Од СДСМ, пак, остануваат на клучното барање дека предвремени парламентарни избори мора да има и дека од тоа нема да отстапи. Во последните неколку години СДСМ покажа дека е поконструктивна и поотворена за дијалог од власта. Сега веќе не сме подготвени уште еднаш да бидеме колатерална штета на инаетот на Груевски, нема повеќе попуштања, изјави Радмила Шеќеринска во интервју за порталот Нова ТВ.

Зачестените посети на меѓународните претставници во земјава, утрешната посета на известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит, како и најавената посета на еврокомесарот за проширување Штефан Филе ја отвораат дилемата за тоа дали може да се дојде до некаков компромис и излез од политичката криза. Неофицијално дознаваме дека до крајот на неделата во земјава доаѓа и директорот на директоратот за проширување на ЕУ Стефано Санино.
Нема никаква, апсулутно никаква причина опозицијата да ги бојкотира локалните избори, затоа што бојкотот е познат како средство на притисок, ама познат е кога има проблем околу самиот изборен процес, кога власта не и дозволува на опозицијата да партиципира или го гуши нејзиното партиципирање.
Владимир Божиновски, политички аналитичар.

Од СДСМ велат дека тие доаѓаат во мисија на спасување на она што може да се спаси, но од друга страна укажуваат дека не треба да се има илузии оти тие можат да ни го донесат клучот на решението.

Од Либералната партија велат дека шанси за излез од кризата во наредните неколку дена има. Најпрво власта треба да го признае она што е неопходно, а тоа е дека има голема политичка криза, дека има механизми таа да се надмине и на тој начин да го отвори политичкиот дијалог и да постигне релевантни локални избори, вели Ивон Величковски од ЛП.

„Да не ги повторуваме познати ставови, да се посветиме на тоа како да ја разрешиме кризата во воие три четири дена. Без почеток на политички дијалог, не на пониски нивоа и не само преку посредништво на странски претставници, туку со суштински разговори меѓу сите може да се постигна решенијата кои се неопходни и за граѓаните и за Република Македонија.“

Политичкиот аналитичар Владимир Божиноски вели дека формирањето анкетна комисија која ќе испитува што се случило на 24 декември, треба да се гледа одвоено од учеството на локалните избори.

„Нема никаква, апсулутно никаква причина опозицијата да ги бојкотира локалните избори, затоа што бојкотот е познат како средство на притисок, ама познат е кога има проблем околу самиот изборен процес, кога власта не и дозволува на опозицијата да партиципира или го гуши нејзиното партиципирање.“

Според аналитичарите, најавената серија посети од Европскиот парламент ќе биде тестирање на состојбите но и благ притисок да се направи домашен договор за излез од кризата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG