Достапни линкови

logo-print

Може ли странците да ја решаваат политичката криза?


Во текот на наредните денови и недели Македонија повторно ќе ја посетат еврокомесарот за проширување Штефан Филе и известителот за Македонија во ЕП Ричард Ховит.

Не треба да се очекува решение на домашните проблеми од странство, велат дел од политиколозите и пратеници по најавената посета на европратеникот Ричард Ховит и шпекулациите за можна посета на еврокомесарот Штефан Филе.
Комесарот повторно ќе ги посети сите земји од неговото портфолио и поранешната југословенска република Македонија не е исклучок. Секако комесарот повторно ќе дојде во Скопје.

Дел од македонските медиуми најавија дека Филе повторно ќе ја посети Македонија на 19 овој месец. Неговиот портпарол Петар Стано вели дека во медиумите постојано се шпекулира за следната посета на еврокомесарот.

„Можам да кажам дека комесарот повторно ќе ги посети сите земји од неговото портфолио и поранешната југословенска република Македонија не е исклучок. Последниот пат кога комесарот го посети Скопје најавивме дека ќе се организира нова посета во догледно време. Секако комесарот повторно ќе дојде во Скопје. Конкретните информации за тајмингот и агендата ќе ги соопштиме кога истите ќе бидат утврдени.“
Архивска фотографија -Вицепремиерката Теута Арифи и известувачот во Европарламентот за Македонија Ричард Ховит

Архивска фотографија -Вицепремиерката Теута Арифи и известувачот во Европарламентот за Македонија Ричард Ховит


Пратениците од власта засега не се достапни за коментар околу очекувањата од веќе потврдената посета на Ховит и можната посета на Филе.
Она што за македонската демократија е здраво е во Македонија самите да изнајдеме решение низ дијалог за огромната политичка криза во која се наоѓа земјата.

Андреј Петров од опозициската СДСМ вели дека не може да се очекува решение на домашните проблеми од надвор.

„Со оние информации што ги имам, немам впечаток дека кој било од меѓународната заедница нешто посредува во моментот, тоа се шпекулации. Она што за македонската демократија е здраво е во Македонија самите да изнајдеме решение низ дијалог за огромната политичка криза во која се наоѓа земјата.“

Фактот што двете најголеми политички партии се барикадираат зад своите позиции укажува на неспособност за комуникација, вели политикологот Алајдин Демири.

„Затоа обидите на ЕУ преку Филе и други функционери или притисокот што се врши од американската амбасада и другите амбасадори, се неминовни, затоа што не капацитетот, туку волјата да се решава нешто внатре е се подалечна.“

Затоа разумот се бара од страна, додава Демири.

„Што значи да се врши притисок да се седне на маса да се преговара и за изборите и за другите тековни проблеми кои овие партии ги создаваат.“

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG