Достапни линкови

Србија назначи свој преставник во Приштина


Србија го имениваше својот прв претставник во Косово. Тоа е Дејан Павичевиќ, кој во канцеларијата во Приштина ќе извршува мониторинг на спроведувањето на договорите кои се потпишани меѓу владите на двете држави. Павичевиќ изјави дека не може неговата работа да се окарактеризира како „дипломатска“ затоа што тој во Приштина ќе работел за српските национални интереси. Тој досега беше шеф на преговарачкиот тим во дијалогот кој се одвива под медијаторство на ЕУ.
XS
SM
MD
LG