Достапни линкови

СДСМ: наместена анкета за инцидентите во Собранието


Опозицијата во Македонија смета дека анкетата нарачана од Собранието на Република Македонија е наместена со цел се правда за исфрлањето на пратениците на опозицијата.
Имено, станува збор за анкетата која била спроведена од страна на Институтот за демократија, во периодот меѓу 17 и 18 јануари годинава а е испратена од медиумите од кабинетот за односи со јавноста на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Според резултатите, на оваа анкета дури 72 насто од граѓаните одговориле со „да“ на прашањето „ако пратениците не го почитуваат редот во Собранието, дали да се отстранат?“ Второто прашање кое во анкетата го поставило Собранието на РМ е „Дали да се почитува редот и покрај заострените односи?“. Позитивно за ова се изјасниле 94 отсто од анкетираните.
Пратениците од опозицијата Весна Бендевска и Јани Макрадули за македонските медиуми изјавија дека оваа анкета е наместено сценарио на претседателот Вељаноски.
XS
SM
MD
LG