Достапни линкови

logo-print

Николиќ спречен да го посети Косово за време на Божиќ


Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Српскиот претседател Томислав Николиќ.

Kосовските институции не му дозволиja посета на српскиот претседател Томислав Николиќ на Косово за време на Божиќ, изјави косовскиот вицепремиер Хајредин Кучиој додава дека српските официјални претставници ќе можат да го посетат Косово кога „ќе се обезбеди реципроцитет во посетите“.

Кучи рече дека одлуката е донесена по консултации со меѓународните партнери.

Николиќ поднел барање до Еулекс на 7 јануари да присуствува на Божиќната литургија во манастирот Грачаница, но се уште не добил одговор. Тоа покажува дека мисијата на ЕУ не е статусно неутрална и не е во состојба да ја осигура било чија безбедност на Косово, се наведува во соопштението од кабинетот на српскиот претседател.

Советникот на српскиот претседател Марко Ѓуриќ синоќа изјави дека одлуката на институциите во Приштина да го спречат присуството на Николиќ на литургијата во Грачаница е многу негативен сигнал пред закажаното продолжување на дијалогот меѓу Србија и Косово во Брисел.
XS
SM
MD
LG