Достапни линкови

Американски проектил уби 10-тина пакистански милитанти


Пакистански претставници за безбедност соопштија дека еден исламистички командант и 9-мина негови соработници биле убиени од проектил на американско безпилотно летало во Јужен Вазиристан во текот на изминатата ноќ. Оваа група милитанти се смета за одговорна за нападите врз НАТО трупите во соседен Абганистан. Дописникот на Радио Слободна Европа од Пакистан јавува дека имало уште еден сличен напад во истиот регион во кој биле убиени уште 3-ца милитанти.
XS
SM
MD
LG