Достапни линкови

Дневен печат - Расправа за буџетот, кој ќе издржи подолго?


Координативна средба кај претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Координативна средба кај претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски.

Буџетот, партиските превирања во СДСМ, маршот на борците, преговорите на лекарите со министерот за здравство, дел од темите во дневните весници.

Граѓаните имаат нова театарска претстава на релацијата власт-опозиција: амандманската расправа за буџетот. И, тука се мерат мускулите, кој ќе издржи подолго. Затоа можеби Утрински насловува дека „Буџетот се заканува да предизвика длабока политичка криза“, а Дневник дека „Партиските се пред интересите на граѓаните и на државата“.
Буџетот се заканува да предизвика длабока политичка криза.

Нова Македонија пишува за „Кавги и турканици на расправата за буџетот“, а Вечер е најостар во насловот: „Ова е диверзија, насилно уривање на уставниот поредок“. Истиот весник оди уште понатаму па насловува: „Хорор - СДСМ го блокира буџетот, тепа во Парламентот, спроведува чистка во партијата“.
Проблемот не е на Илинденска бб, туку на Бихаќка бб! Заминувањето на Бранко Црвенковски.

Координација за буџетот.

Координација за буџетот.

Утрински информира дека, за сметка на блокирањето, СДСМ до Владата достави предлог за буџетско штедење со кое се кратат околу 200 милиони евра од проектираниот буџет предвидени за споменици, мебел, рекламирање и друго. Во меѓувреме, „ММФ ќе гледа како ќе го враќаме кредитот“, информира Утрински, но и со позитивни предвидувања за раст на економија во следната година, како што јавува Вечер.
Претседател-портпарол - Иванов ја искара опозицијата за блокирањето на буџетот, ја пофали владата за економските проекти.

„Бучковски ќе се жали за исклучувањето“, пишува Дневник, а Ден го цитира исто така исклучениот Бузлевски: „Бранко ќе ми се извини во април“. И дневниот Капитал како отворено да застанува против лидерот на СДСМ: „Проблемот не е на Илинденска бб, туку на Бихаќка бб! Заминувањето на Бранко Црвенковски“. Нова Македонија смета дека независните фаци ќе ја дотолчеле опозицијата бидејќи „немаат реални шанси да победат, но ќе ги намалат шансите изборите да завршат во првиот круг, како што посакува СДСМ, а со тоа директно или индиректно ќе и' помогнат на власта“. Истиот весник во друго издание насловува: „Црвенковски останува, допрва најавува офанзива против Груевски“.

И кога сме кај офанзиви, „Борците со протестен марш против нивното иселување“ и со паролата „Но пасаран“ на чело на групата од околу 1.000 протестанти, пишува Утрински. Информирајќи за годишното обраќање на претседателот Иванов пред пратениците, Ден има интересен наслов: „Претседател-портпарол - Иванов ја искара опозицијата за блокирањето на буџетот, ја пофали владата за економските проекти“.

Уставен ќе се активира: „Наскоро високото образование, лустрацијата и парното пред Уставен“, најавува Дневник, а Утрински како да ги потврдува шушкањата дека државата го презема профитабилниот бизнис на Топлификација: „Елем, Мепсо и гасната централа Те-То заинтересирани за производство на топлинска енергија“.

Речиси сите електронски изданија на весниците објавуваат дека лекарите и Тодоров повторно ќе седнат на преговарачка маса.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG