Достапни линкови

Ни третата координација не донесе среќа за одблокирање на буџетот


Претседателот на Собранието Вељаноски предложил министерот за финансии да го достави својот став за тоа кои амандмани се прифатливи, а кои не, потоа двете надлежни комисии, онаа за финансирање и буџет и законодавно-правната, да не заседаваат, а пратениците од владејачкото мнозинство писмено да го известат дека се согласуваат со министерот, за на крај претседателите на комисиите да потпишат извештај дека буџетот е готов. За СДСМ ваквото сценарио е обид за партиски пуч и погазување на парламентарната демократија.

По едночасовната пауза од координативната средба кај претседателот на собранието Трајко Вељаноски, во тек е уште еден обид на власта и опозицијата да постигнат договор околу новиот буџет. Според информациите од првиот дел од средбата, Вељаноски предложил во текот на денот, министерот за финансии Зоран Ставрески да го достави својот став за тоа кои амандмани се прифатливи, кои не, потоа двете надлежни комисии, онаа за финансирање и буџет и законодавно-правната, да не заседаваат, а пратениците од владејачкото мнозинство писмено да го известат дека се согласуваат со министерот, за на крај претседателите на комисиите да потпишат извештај дека буџетот е готов.
Во ова сценарио за партиски пуч, со писма и по интернет, со мејлови, без закон и Устав, Трајко Вељаноски во име на власта сака на сила да го донесе буџетот на Република Македонија, ова е досега вовед во најлошото сценарио.

За СДСМ ваквото сценарио е обид за партиски пуч и погазување на парламентарната демократија.

„Во ова сценарио за партиски пуч, со писма и по интернет, со мејлови, без закон и Устав, Трајко Вељаноски во име на власта сака на сила да го донесе буџетот на Република Македонија, ова е досега вовед во најлошото сценарио“, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ, Игор Ивановски.

На координацијата и овојпат не присуствува пратеничката група на ДПА, која веќе подолго време ги бојкотира средбите кај собранискиот спикер. Иако беше поканет, не присуствува и пратеникот на Националната демократска преродба, Изет Зеќири кој има поднесено над 400 амандмани за овој предлог буџет. За Зеќири, владиниот предлог за разгледување на амандмани кои се веќе вклучени во владината програма е несериозен.
Буџетот е проблематичен за албанскиот народ, кој го полни буџетот на 30 отсто од нивните средства, а добиваат назад во вид на инвестиции пишани само на хартија 3 или 4 проценти.

„Ние бараме проекти од областа на инфраструктура и не се согласуваме со тоа дека владата може да прифати проекти кои се вклопуваат во владината програма“, изјави Зеќири.

Од ДПА остануваат на ставот дека овој буџет е дискриминаторски за Албанците и дека најголем проблем останува тоа што од предвидените 4 проценти буџетски средства за проекти на Албанците, не се реализира ниту еден отсто.

„Буџетот е проблематичен за албанскиот народ кој го полни со 30 отсто од нивните средства, а во вид на инвестиции, пишани само на хартија добиваат три или четири отсто, а со ребалансот на буџетот и тие ги нема и се сведува на нула отсто инвестиции кај Албанците“, изјави Зијадин Села од ДПА.

Пред почетокот на вториот дел од координацијата, од СДСМ упатија апел до претседателот Вељаноски да се откаже од, како што велат, најмрачното сценарио досега. Во спротивно, сите последици од неносењето на буџетот, ќе бидат резултат и одговорност на власта и владејачката коалиција. Досега се поминати 156 амандмани од вкупно 1.225 за предлог буџетот поднесени од опозицијата.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG