Достапни линкови

Проекциите за растот ќе ни се удрат од глава


Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов. 13 декември 2011.

Министерот за финансии Зоран Ставрески, шефот на мисијата на ММФ Вес Мекгру и гувернерот на Народна банка Димитар Богов. 13 декември 2011.

Владата, ММФ и Светска банка очекуваат раст до 2 проценти. Што ја создава дискрепанцата меѓу очекувањата и реалноста во економијата? Лани владата предвидуваше раст од 4 отсто, а годинава влеговме во рецесија.

Владата заедно со Меѓународниот монетарен фонд предвидува раст догодина од околу 2 проценти. Професорот Зоран Ивановски потсетува дека Светската банка има нова проекција.
Која ја ревидираше надолу таквата проекција и излезе сега со очекуван раст од околу еден процент, така да очигледно е дека преовладува така да кажам умерениот оптимизам дека македонската економија ќе успее да ја надмине рецесијата во следната година.

„Која ја ревидираше надолу таквата проекција и излезе сега со очекуван раст од околу еден процент, така да очигледно е дека преовладува така да кажам умерениот оптимизам дека македонската економија ќе успее да ја надмине рецесијата во следната година, барем со забележување на минималниот раст на БДП-то од еден процент.“

Очекувања за повисоки стапки на раст догодина би значеле нереален оптимизам, вели Ивановски.

„Судејќи по состојбите кои ги имаме во националната економија и пред се околу неизвесноста за донесување на планираниот буџет на државата за следната фискална година.“

Што ја создава дискрепанцата меѓу очекувањата и реалноста во економијата? Лани владата предвидуваше раст од 4 отсто, а сега сме во рецесија.

Доктор Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека за годинава имало премногу оптимизам.
Друго е прашањето дали е подобро да се градат патишта или да се градат министерски згради или да се прават тие грди споменици, но тоа е друго

„За идната година тешко е да се каже што ќе се случи. Оваа година не беше добра и можеби е полесно да се оствари некој раст, но не голем. Што се однесува до буџетот претпочитам дека тој ќе се корегира кога ќе се знае како работите ќе врват.“

Во состојба на рецесија не е добро да се кратат јавните расходи бидејки тоа ќе го зголеми рецесивниот ефект, смета Глигоров. Но дали непродуктивните трошења на јавните пари може да го имаат истиот ефект?

„Ако има нови вработувања би можело да се зголеми личната побарувачка, тоа би имало позитивен ефект на производството, бидејќи ќе има пазар за тоа што се произведува. Друго е прашањето дали е подобро да се градат патишта или да се градат министерски згради или да се прават тие грди споменици, но тоа е друго.“

Судејки по прелиминарните заклучоци од неодамнешната посета на мисијата на ММФ во земјава, Македонската економија ќе трпи силни притисоци врз тековната сметка, брз надворешното финансирање и врз ликвидноста на банките. Од друга страна, се очекува дека странските инвестиции ќе го подржат планираниот раст од 2 отсто.
XS
SM
MD
LG