Достапни линкови

Путин за зачувување на рускиот национален идентитет


Владимир Путин

Владимир Путин

Владимир Путин во денешното редовно годишно претседателско обраќање до нацијата предупреди против мешањето во руските внатрешни работи. Тој во парламентот изјави дека русите кои примаат пари од странство би требало да бидат исклучени од политиката. Путин исто така зборуваше и за потребата од зачувување на рускиот национален идентитет. Тој прецизира дека властите нема да дозволат етнички енклави со нивни закони во Русија и најави заострување на имиграциските закони. Тоа е негов прв говор откако во мај годинава по трет пат ја презеде функцијата шеф на руската држава. Претходно Путин четири години беше премиер.
XS
SM
MD
LG