Достапни линкови

logo-print

Производителите на ориз поделени


Дел од оризопроизводителите протестираат, тие од Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители велат дека е подобро прво да се разговара за проблемите. Министерството за земјоделство жали за одлуката за протести на, како што се наведува, таканаречениот Иницијативен одбор.

Дел од производителите на ориз и другите земјоделци во Кочанско денеска протестираат на градскиот плоштад. Од Иницијативниот Одбор на оризопроизводители велат не се почитува цената на оризовата арпа што е договорена со Владата преку ресорното Министерство за земјоделие и дека земјоделците се оштетени и наместо договорените 25 денари по килограм арпата се откупува за помалку од 20 денари по кило.
Пола производство не постои, претходната година имаше 12, 5 илјади тони бел ориз, а оваа година ќе има 6,5 илјади тони. Тие 6.000 тони кои недостигаат сигурно дека земјоделците сериозно ќе ги осетат. Меѓутоа тоа е тоа, ние чиниме се во рамките на тоа што е разумно решение, ние може да излеземе со било какви барања кои излегуваат од реалноста.


По најавата за протестот од Министерството за земјоделство преку соопштение изразија жалење за одлуката на, како што се наведува, таканаречениот Иницијативен Одбор на оризопроизводителите. Министерството вели дека во соопштението на Иницијативнито одбор биле искажани невистини. Од таму велат дека тие преговарале со репрезентативните претставници на оризопроизводителите, односно со Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на и Кластерот за ориз.

Од синдикатот велат дека проблемот е во тоа што Иницијативен одбор нема барање, само се појавиле летоци со кои се повикува на протест, а нема ни кој стои зад тој Иницијативен одбор.
Оној којшто не може да го реши прашањето сега измислува друга тактика, праќаат контраштрајкувачи, тоа никаде во светот го нема, никаде. Она што е упатено од било кого по било кој основ треба органот на кого е упатено или на власта да седне и да отвори социјален дијалог.


Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделски производители на Македонија вели дека оризопроизводителите имаат проблем, но дека тие ќе разговараат со министерството некако тој да се ублажи.

„Пола производство не постои, претходната година имаше 12, 5 илјади тони бел ориз, а оваа година ќе има 6,5 илјади тони. Тие 6.000 тони кои недостигаат сигурно дека земјоделците сериозно ќе ги осетат. Меѓутоа тоа е тоа, ние чиниме се во рамките на тоа што е разумно решение, ние може да излеземе со било какви барања кои излегуваат од реалноста.“

Во последно време стана пракса, едни од секторот да протестираат, другите не, а институциите да преговараат со тие што не протестираат. Секој оној кој протестира или штрајкува е незадоволен и бара неговото прашање да се реши, вели долгогодишниот правен експерт и познавач на социјалните права Драге Јовановски.

„Оној којшто не може да го реши прашањето сега измислува друга тактика, праќаат контраштрајкувачи, тоа никаде во светот го нема, никаде. Она што е упатено од било кого по било кој основ треба органот на кого е упатено или на власта да седне и да отвори социјален дијалог.“

Во случајов вели Јовановски, министерството треба да седне да разговара со земјоделците кои имаат проблеми, наместо да испраќа соопштенија дека жали што оризопрозиводителите најавиле протести. Тој вели дека прво треба да се седне да се разговара, а па потоа да се кажуваат варијанти на решенија на проблемот.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG