Достапни линкови

Штрајкувај... ако смееш


Архивска фотографија: Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.
Архивска фотографија: Гневен возач се расправа со стечајците кои ја блокираат улицата пред Собранието на 10 јуни 2010 година.

Власта, но и раководствата на компаниите, на сите начини се обидуваат да ги спречат работниците да штрајкуваат или да протестираат за да ги остварат правата.

Сакам да ми дозволат да си работам, да си ги извршувам работните обврски како машиновозач, рече синдикалниот лидер на машиновозачите Ристо Пејовски, откако беше суспендиран, како што вели, поради тоа што давал изјави за медиумите. Тој се пожали на проблеми во фирмата и на игнорантскиот однос од претпоставените. Раководството, пак, тогаш соопшти дека Пејковски е суспендиран поради нарушување на угледот на компанијата.
Морам да кажам дека во ситуација на револт дадов неумерени изјави, кои ги демантирам, а кои беа насочени кон личноста на генералниот директор. Се извинувам за навредите. Инаку разговорите беа конструктивни, успехот е заеднички на колективот на АД Транспорт, нема поразени, сите сме победници.
Ристо Пејовски, претседател на синдикатот на машиновозачите.

Пред една недела, за раководството синдикатот беше нерепрезентативен, велеа дека синдикалниот водач веќе неколкупати бил пред отказ. Една недела подоцна барањата на машиновозачите беа исполнети и тој вратен на работа. По средбата со раководството, Пејковски јавно се извини за навредите упатени кон директорот, како што вели, дадени во состојба на револт.

„Морам да кажам дека во ситуација на револт дадов неумерени изјави, кои ги демантирам, а кои беа насочени кон личноста на генералниот директор. Се извинувам за навредите. Инаку разговорите беа конструктивни, успехот е заеднички на колективот на АД Транспорт, нема поразени, сите сме победници.“

Неговите колеги од „Ремонт на пруги“ со месеци штрајкуваат, протестираа, си го бараат чарето. Не земале плата 19 месеци, а бараат и да се раскине договорот за продажба на фирмата.
Како ќе оди процедурата понатаму сами не сме свесни. Ние им го дадовме најубавиот предлог, ние сме биле под Инфраструктура Македонски Железници и најубаво е луѓето да се вратат таму. Сега сме 79 луѓе на број, толку останавме, кој умре, кој напушти работа. Имаме 20 луѓе пред пензија, тие да им се даде отпремнина, а остатокот да си влезе под МЖ.
Борче Гешовски, Синдикат од Ремонт на пруги.

„Како ќе оди процедурата понатаму сами не сме свесни. Ние им го дадовме најубавиот предлог, ние сме биле под Инфраструктура Македонски Железници и најубаво е луѓето да се вратат таму. Сега сме 79 луѓе на број, толку останавме, кој умре, кој напушти работа. Имаме 20 луѓе пред пензија, тие да им се даде отпремнина, а остатокот да си влезе под МЖ“, вели Борче Гешовски од Ремонт на пруги.

Тој вели дека секојдневно работниците се судираат со многу проблеми.

„Работниците не се сите од Скопје, кој е од Куманово, Велес, Демир Капија, Чашка, Богомила, кога ќе влезат во возовите им се прави притисок, сакаат да ги симнат од возовите, не нè третираат дека сме под Железници. Луѓето се без пари, без картони.“

Од Владата одговорија дека Ремонт на пруги е целосно приватно претпријатие во кое државата нема никаков капитал.
Ние нема кај да одиме, нема кај да се вратиме. До пред некое време ОХИС подработуваше по малку и народот веруваше дека ќе проработи и одевме на работа, меѓутоа последните 5 месеци никој не бил на работа, ние нема кај да одиме, освен да протестираме.
Вработен во ОХИС.

И вработените на ОХИС протестираат. Тие се жалат дека раководството на фирмата секој месец зема плата и си доделува награди за успешно работење додека вработените 14 месеци не зеле плата.

„Ова е политичка работа, го ништат ОХИС, ништо да не постои, да не избркаат, да останеме на улица.“

„Мора да се најде некое решение бидејќи владата е наш сопственик.“
ОХИС.
ОХИС.

„Ние нема кај да одиме, нема кај да се вратиме. До пред некое време ОХИС подработуваше по малку и народот веруваше дека ќе проработи и одевме на работа, меѓутоа последните 5 месеци никој не бил на работа, ние нема кај да одиме, освен да протестираме“, се жалат вработените.
Се сее страв меѓу лекарската фела, непотребно. Кој е ефектот од тоа и која е потребата од тоа, навистина не знам, меѓутоа сметам дека е крајно нечесно и дека во крајна линија долгорочно ќе предизвика многу лоши ефекти.
доктор Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на Клинички центар.

​Државата сè уште не може да го реши проблемот со скопски ОХИС, распишан е и деветти тендер, за кој резултатите треба да се знаат до крајот на месецов.

И тоа не е сè. Тук и таму некој работник ќе го крене својот глас, ќе се пожали дека работата не оди, дека немаат плата, ќе побара помош од државата.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.
Протест на лекарите во Клиничкиот центар во Скопје.

И лекарите се обидоа да штрајкуваат, но судот го прифати барањето на Mинистерството за здравство и штрајкот на лекарите закажан за во септември времено го одложи.

Среќна нова 1949“, им посака тогаш на сите доктор Дејан Ставриќ од Синдикат на Клинички центар.
Што е причината? Значи постои страв. Постои најразлично толкување на законите, значи вклучувајќи го и законот за работни односи кој регулира штрајк. Па така ни доаѓаат ситуации во кои одредени судии едно исто право различно го досудуваат. Доаѓа ситуација во која најрегуларно припремен штрајк да биде доведен под сомнеж дека е незаконит. Тоа предизвикува страв кај работниците од последиците. Друга причина е големиот процент на склучени договори за работна на одредено време. Значи ако има штрајк за повисоки права, веднаш се знае дека следниот месец работникот нема да добие продолжување на договорот за работа.
Пеце Ристески, претседател на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

​Лекарите од скопскиот клинички центар бараа зголемување на платите, односно нивно изедначување со професии кои имаат подеднакво одговорна јавна функција. Второ барање им беше укинување на проектот за плаќање по учинок. Нагласуваат дека не се противат на плаќање по учинок, туку дека не е добар конкретниот проект што се спроведува. И третото барање е, обраќањето на претставници на Министерството и на Фондот за здравство кон докторите да биде со соодветен речник и почит за лекарската професија.

Претходно во интервју за РСЕ, Ставриќ рече дека состојбата во Клинички центар е лоша од секој аспект.
Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.
Работници во кичевската фабрика за производство на челични далекуводи, подружница на ЕМО од Охрид.

„Условите за работа се многу лоши. Обемот на работа, пак ќе кажам диктирано од буџетите на клиниките е драстично намален, а приливот на пациенти реален е многу поголем. Потребите на луѓето, на пациентите се многу поголеми од тоа што го дозволуваат буџетите. Пак ќе кажам, од 3-5 пати, генерално зборувам, на најголем дел од клиниките е намален капацитетот на работа. Тоа е пред се на штета на пациентите. Секако дека лекарите не се задоволни со платите, кои како што знаете се најниски во регионов, а да не зборуваме да компарираме со нормални демократии и нормални земји.“

Ставриќ вели дека целото делување на Владата во последниве години насочено преку медиумите и преку кампањи е да се прикажат лекарите како некој вид на криминалци, кои треба да се оправаат. Тој вели дека поради еден мал процент на лекари кои се однесуваа девијантно, се валка образот на цела фела која генерално е чесна и работи за многу помалку пари од тоа што треба да добива. На прашањето дали власта сее страв меѓу лекарската фела, Ставриќ одговара:
Тоа е култура на однесување кон сопствените права. Ако некој ви ги крши правата и вие се спротивставите на тоа, тоа е знак дека вие сте цивилизиран, вие сте културен. Во Македонија нема протестна култура, за разлика од многу земји. Во Македонија е честа темата, колку ние чиниме, а Грците не чинат, но во Грција кога некој им ги гази правата тие излегуваат и протестираат.
Здравко Савески, универзитетски професор, член на левичарското движење „Солидарност“.

„Апсолутно се сее страв меѓу лекарската фела, непотребно. Кој е ефектот од тоа и која е потребата од тоа, навистина не знам, меѓутоа сметам дека е крајно нечесно и дека во крајна линија долгорочно ќе предизвика многу лоши ефекти.“

Работниците лесно се носат на улица само ако им се загрозени основните права од работен однос, кога не го добиваат она што им следува плати, придонеси. Ретко се случува тие да излезат и да бараат поголеми плати, вели Пеце Ристески, претседател на синдикатот за индустрија.
Полицаец ја обезбедува владата за време на протестот на стечајните работници во 2010 година.
Полицаец ја обезбедува владата за време на протестот на стечајните работници во 2010 година.

„Што е причината? Значи постои страв. Постои најразлично толкување на законите, значи вклучувајќи го и законот за работни односи кој регулира штрајк. Па така ни доаѓаат ситуации во кои одредени судии едно исто право различно го досудуваат. Доаѓа ситуација во која најрегуларно припремен штрајк да биде доведен под сомнеж дека е незаконит. Тоа предизвикува страв кај работниците од последиците. Друга причина е големиот процент на склучени договори за работна на одредено време. Значи ако има штрајк за повисоки права, веднаш се знае дека следниот месец работникот нема да добие продолжување на договорот за работа.“
Погледнете ги синдикатите. Многумина сметаат дека насилните синдикати во овој момент се во една позиција која во најмала рака може да се определи како скандалозна. Значи вие синдикатите не можете да ги извадите за ни едно прашање, тие преговараат, договараат, изнаоѓаат решенија, а стандардите постојано и постојано паѓаат и паѓаат.
Суад Мисини, аналитичар.

Тој вели дека постојат обиди да се манипулира со вработените и оти тоа е пракса која подолго време е присутна и произлегува од тоа што во земјава има голем процент на невработеност и осиромашени граѓани.

„Се манипулира за да се избегне решавањето на проблемот, бидејќи е очигледно дека тие кон кои е упатен проблемот за решавање немаат квалитетно решение прифатливо за тие што протестираат и сега како да се дефокусира и јавноста и притисокот, едноставно се лепи етикета.“

Македонскиот работник е и премногу тивок, населението малку обрнува внимание на проблемите со кои се соочуваат работниците, напротив секогаш кога има протести пред влада или собрание, и кога ќе се закочи сообраќајот луѓето негодуваат.

„Јас ги разбирам, но ги советувам, не е решение, мислам дека ова е губење време, блокирајте ги да не можат да одржат седница и во Влада и во Собрание“, вели анкетиран граѓанин.

Во Македонија недостасува култура на протестирање, вели професор Здравко Савески, кој е и член на левичарското движење „Солидарност“.

„Тоа е култура на однесување кон сопствените права. Ако некој ви ги крши правата и вие се спротивставите на тоа, тоа е знак дека вие сте цивилизиран, вие сте културен. Во Македонија нема протестна култура, за разлика од многу земји. Во Македонија е честа темата, колку ние чиниме, а Грците не чинат, но во Грција кога некој им ги гази правата тие излегуваат и протестираат.“

Но штрајковите се мирни, мали, речиси незабележителни. Медиумите неретко ги игнорираат. Да гледаш отстрана ќе речеш дека во земјава има високи стандарди и работниците намаат потреба да штрајкуваат. Така мисли и министерот за труд и социјала Спиро Ристовски, според кого, состојбата во Македонија е подобра отколку во западноевропските земји и затоа во земјава нема масовни штајкови за 1 Мај. Воочи празникот, тој изјави дека во Република Македонија постои реален социјален дијалог којшто дава резултати. На новинарско прашање, дали во Франција, каде што секоја година има масовни првомајски протести, нема социјален дијалог, Ристовски вели дека во Франција се отпушаат работници за разлика од Македонија.

„Во многу земји во ЕУ се започнати сериозни рестриктивни мерки со отпуштање работници од администрација од јавен сектор и од приватен сектор, додека во Република Македонија не е отпуштен ниту еден работник од јавниот сектор, ниту една плата не е намалена, замрзнати се платите, напротив на крајот на оваа година е најавено покачување на платите. Така што мислам дека бројките и аргументите покажуваат дека во Република Македонија во овој момент е многу подобра ситуацијата“, вели Ристовски.

Сепак, неговото мислење не го делат луѓето што ги анкетиравме во центарот на Скопје. Дел од нив мислеа дека се шегуваме кога ги прашавме каде е подобро да се биде работник – во Македонија или во некоја од земјите од ЕУ.

„Не знам, не сум вработен, ама претпоставувам дека во ЕУ е подобро.“

„Работното време им е загарантирано, се надевам дека работат по 8 часа дневно, додека кај нас, барем во приватниот сектор, се работи саботи, недели, се останува прекувремено.“

„Работник нигде не е убаво.“

„Тука е малку платен работникот, значи измачен е работникот, нема толку пари тука.“

„Работникот тука не е чесно платен, уценуван е“, велат анкетираните граѓани.

Каде што има страв, нема штрајкови

Ако до пред неколку години барем се слушаше синдикалниот глас, ќе се организираше некој протест на Први мај или ќе кампуваше некој пред собрание, сега тој декор е минато. Кој ќе крене глас добива по уши, па на секој синдикат се формира контра-синдикат, на секој протест има контра протест, или ќе им залепат партиски етикети, а ги игнорираат оние на кои не можат да им најдат „црно под ноктите“.

Синдикалните лидери велат дека протестите се колорит специфичен за одредени други времиња кој се покажал дека не дава резултат, па затоа сега тие посегнуваат по нови методи, како дијалози, работилници и други активности за подобрување на правата на работниците.

„Погледнете ги синдикатите. Многумина сметаат дека насилните синдикати во овој момент се во една позиција која во најмала рака може да се определи како скандалозна. Значи вие синдикатите не можете да ги извадите за ни едно прашање, тие преговараат, договараат, изнаоѓаат решенија, а стандардите постојано и постојано паѓаат и паѓаат“, вели аналитичарот Суад Мисини.

Синдикатите во многу европски држави го мобилизираат милионското членство и се закануваат со нови демонстрации. Изминативе неколку месеци „гореше“ во Грција, Шпанија, Франција... Штрајкуваа лекари, полицајци, учители, новинари, земјоделци. Протестираат против мерките за штедење, реформите во пензискиот систем, намалувањето на платите. Синдикатите на улиците го изнесоа милионското членство, го парализираа сообраќајот, работата во компаниите, училиштата, болниците...
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG