Достапни линкови

Законот за земјоделство ја разбранува прилепската јавност


Земјоделци протестираат пред седиштето на СДСМ во Прилеп. Опозицијата обвинува дека не се работи за земјоделци туку за партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ.

Измените на Законот за земјоделство и рурален развој ја разбрануваа прилепската јавност. Сојузот на тутунарски здруженија организира протести, главните политички субјекти на политичката сцена: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ одржуваат постојано пресови, а најмачните и најбројните тутунари и земјоделци воопшто, остануваат индиференти кон целата оваа трка, која велат има една цел, собирање што повеќе политички поени.
Ги повикуваме сите политички партии, ДУИ не можеме зашто кажа дека нема да го поддржи законот. А, како најголема опозициона политичка партија СДСМ, да крене рака, во интерес на земјоделците, во интерес на тутунарите, за да може секој еден тутунар да преживее.
Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

Од Сојузот во кој членуваат 15-ина тутунски здруженија на Македонија, претежно од прилепско, на протест пред општинската организација на СДСМ се собраа 30-ина членови, кои со трактори и друга механизација се паркираа на булеварот во центарот на градот.

„Ги повикуваме сите политички партии, ДУИ не можеме зашто кажа дека нема да го поддржи законот. А, како најголема опозициона политичка партија СДСМ, да крене рака, во интерес на земјоделците, во интерес на тутунарите, за да може секој еден тутунар да преживее“, изјави Данчо Милески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија на Македонија.

И додека бројни прилепски тутунари кои инсистираат на своја анонимност воопшто не веруваат во заложбите на Сојузот и сметаат дека работи исклучиво за да ги задоволи потребите на лидерите од здруженијата, прилепските социјалдемократи обвинуваат.
Едвај 20-ина партиски луѓе на ДПМНЕ, од кои половината вработени во државната администрација под силен притисок против својата волја, беа буквално довлечкани на погрешна адреса, наместо да одат пред Владата или пред штабовите на ДПМНЕ. Овие лица се вработени во образование и немаат никаква врска со земјоделство“, обвини Горан Сугарески.
Горан Сугарески, прилепски пратеник од СДСМ.

„Едвај 20-ина партиски луѓе на ДПМНЕ, од кои половината вработени во државната администрација под силен притисок против својата волја, беа буквално довлечкани на погрешна адреса, наместо да одат пред Владата или пред штабовите на ДПМНЕ. Овие лица се вработени во образование и немаат никаква врска со земјоделство“, обвини Горан Сугарески, прилепски пратеник од СДСМ.

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ на овие обвинува, врати со критики.

„Земјоделството е фабрика на отворено и земјоделските култури секојдневно се изложени на временски непогоди, а со недонесување на законот, штетите не можат да бидат надоместени од страна на државата. Против фактите секогаш излегувате со добро филован прес, кој се потпира само на силни зборови и празна реторика, или како што рекол мудро нашиот народ, ветер во магла, нешто што е својствено за вас овие 20 години“, изјави Љубен Котески, портпарол на општинската ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се залага да биде усвоени измените кои ги предлага таа партија, СДСМ, пак, предлага други измени, за кои тврди дека се поповолни за земјоделците и дека ќе го стопираат криминалот според нив при распределбата на субвенциите.

„Доколку ВМРО-ДПМНЕ е спремен да ги прифати трите напи амандмани, тогаш СДСМ ќе го повлече предлог на законот којшто го има дадено во собраниска процедура“, вели Сугарески.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG