Достапни линкови

ОН ќе гласаат за унапредување на палестинскиот статус


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и палестинскиот претседател Махмуд Абас

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и палестинскиот претседател Махмуд Абас

Генералното Собрание на ОН денеска ќе гласа за унапредување на палестинскиот статус во организацијата од набљудувачки во држава нечленка на организацијата. Тоа ќе значи индиректно признавање на палестинската држава, вклучувајќи го и Западниот брег, појасот Газа и источен Ерусалим.
Резолуцијата најверојатно ќе биде усвоена, бидејќи се очекува силна поддршка од земјите во развој, но и од европските, како Франција.
XS
SM
MD
LG