Достапни линкови

Лекарите од понеделник ќе штрајкуваат пред влада


Независниот сидникат на лекарите најавија дека од понеделник штрајкот ќе го преселат пред Владата, затоа што дворот на министертвото за здравство им е мал за да го собере сите што штрајкуваат. Од клиниките соопштуваат дека намалениот број на интервенции продолжува. Операции се извршуваат само врз итните случаи, но и намален е бројот и на пациентите што според синдикатот се должи на штрајкот. Заради Денот на дрвото, лекарите утре ќе паузираат а мирниот получасовен протест ќе продолжи во четврток, пред Министертвото за здравство.
Премиерот Никола Груевски на денешните пратенички прашања во Собранието изјави дека целта на прокетот „плаќање по учинок “ не е да ги казни докторите туку и да ги мотивира да работат повеќе. Тој додаде дека „не се секогаш реформите широко прифатени и дека некогаш е потребно да се издржат критиките, за потоа,
по неколку години, да се види , кога ќе легне политичката прашина дека потегот бил здрав, реформски, и довел до конкретно подобрување. “
XS
SM
MD
LG