Достапни линкови

Мијатовиќ: Многу медиумски предизвици во Македонија


Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите Дуња Мијатовиќ оцени дека декриминализацијата на клеветата е позитивен чекор но оти треба уште да се направи за да се создаде вистинска слободна средина за медиумите. Ова го соопшти Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во соопштението е наведено дека Мијатовиќ очекува фокусот во иднина да биде насочен на решавање на другите предизвици за слободата на медиумите, како што се медиумскиот плурализам, независноста на јавниот радиодифузен сервис и медиумскиот регулатор, како и за транспарентноста на медиумската сопственост. Во продолжение е наведено дека ја поздравува одлуката за декриминализација која е прв чекор за зајакнување на слободата на медиумите но на новинарите мора да им биде овозможено да ги извршуваат своите работни задачи и да дебатираат за прашања од јавен интерес без да имаат страв од кривична санкција.
XS
SM
MD
LG