Достапни линкови

logo-print

Судири меѓу Курди и полиција во Турција


Судири меѓу курдските активисти и безбедносните сили беа забележани вчера во јужниот дел на Тиурција. Илјадници Курди вчера излегоа на протести во провинцијата Чизре да покажат солидарост со затворените милитанти кои штрајкуваат со глад. Тенизиите се заострија во изминативе два месеца откако 700 луѓе кои се затворени во повеќе од 50 затвори веќе 60 дена штрајкуваат со глад.
Шест курдски политичари во Турција им се придружија на стотиците милитанти и активисти во штрајкот со глад барајќи од Премиерот Реџеп Таип Ердоган да дозволи притворениот лидер на курдската работничка партија Абдула Окалан да добие пристап до адвокати, откако 15 месеци како е затворен без контакт.
XS
SM
MD
LG