Достапни линкови

Отчети за фалење и за одбрана од противникот


Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на пуштањето во употреба на втората делница од реконструираната улица Козле во Скопје.

Премиерот Никола Груевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, на пуштањето во употреба на втората делница од реконструираната улица Козле во Скопје.

Градоначалниците почнаа да ги презентираат резултатите од мандатот. Во нивните отчети напишани на многу страници, може да се погледнат фотографиите од завршените проекти, со акцент на тоа дека ветеното е веќе реализирано.

Околу четири месеци пред локалните избори, градоначалниците почнаа да ги презентираат резултатите од мандатот. Во нивните отчети напишани на многу страници, може да се погледнат фотографиите од завршените проекти, со акцент на тоа дека ветеното, веќе е реализирано. Градоначалниците од опозицијата уверуваат дека приоритет им се проектите во интерес на граѓаните. Ги обвинуваат колегите од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека станале заложници на кичот и урбаната мафија.
Ќе видиме на наредните избори, граѓаните самите ќе кажат дали сето она што градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го реализираа им се допаѓа или не им се допаѓа. Мислам дека тие обвинувања од страна на опозицијата се тенденциозни и во недостатиг на идеја.


„Нека извинат моите колеги, но нека ги утврдат приоритетите. За нас приоритети се училиштата, за некои се споменици, улици, кружни текови итн., така што нека утврда кои им се вистинските приоритети“, вели градоначалникот на општина Карпош од СДСМ Стевчо Јакимовски.
Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствува на еколошка акција во основното учииште Владо Тасевски.

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски присуствува на еколошка акција во основното учииште Владо Тасевски.


Скопје се гради, во изминатите години во градот и неговите општини спроведовме многу проекти и обезбедивме подобри услови за живот на граѓаните, одговара актуелниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

„Ќе видиме на наредните избори, граѓаните самите ќе кажат дали сето она што градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го реализираа им се допаѓа или не им се допаѓа. Мислам дека тие обвинувања од страна на опозицијата се тенденциозни и во недостиг на идеја.“
Едно се зборува, друго се прави, а најмногу од сè народот страда.

Изградбата на модерни фонтани или споменици е чист популизам, но искуството покажува дека тоа е сигурен рецепт за привлекување гласови, вели универзитетскиот професор Селам Усеини. Не случајно, градоначалниците ги ставаат во прв план проектите кои претставуваат шминка на општината, вели тој.

„Само со популизам денеска може да се опстои, затоа воопшто нема случаи некој да рече ако дојдам јас на власт ќе имаме Гостивар 2016-та или Тетово 2018-та, а тоа подразбира да се гради нешто во културата или историјата.“
.
Но оние кои треба да го вреднуваат минатиот труд на градоначалниците не го кријат незадоволството од нивната работа. Сè повеќе граѓани се убедени дека никој не се грижи за нивните интереси.

„Едно се зборува, друго се прави, а најмногу од сè народот страда.“

„Само го лажат народот и ништо друго.“

„Политичарите се грижат за себе си, за народот воопшто.“

„И ние кои гласавме за нив, не оставија на цедило, без работа.“

Експертите заклучуваат дека во играта на политичките ривали и предизборниот маркетинг, единствени жртви се граѓаните кои сакале или не го консумираат она што им се нуди.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG