Достапни линкови

Повисоки пензии за повеќе гласови


Покачувањето, пензионерите ќе го добијат во март, за кога се закажани локалните избори и токму тоа е доказ за пензиски популизам, велат дел од упатените и опозицискјата.

Крсте Митков, кој наскоро ќе добие право на пензија, не верува во најавите на Владата за повисоки пензии.
Нема да се зголемат пензиите ни сега, ни во март гарантирам. Тоа е само маркетинг сега пред локалните избори, ништо друго.

„Нема да се зголемат пензиите ни сега, ни во март гарантирам. Тоа е само маркетинг сега пред локалните избори, ништо друго.“

Покачувањето пензионерите ќе го добијат во март, за кога се закажани локалните избори и токму тоа е доказ за пензиски популизам, велат дел од упатените и претставници на опозициските партии.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски во изјава за медиумите рече дека имаме запрепастувачка ситуација на еден пензионер во моментот да работат и одговараат за него 1,7 вработени лица што е тешко одржливо за целокупниот пензиски систем. Покрај тоа, пензиите ќе растат. Факт е дека системот е во лоша состојба вели правникот Драге Јовановски.
Тоа е тековно усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци, меѓутоа тоа очигледно е извртување на фактите и излега као еве не се грижиме за пензионеирт и им ги покачуваме пензиите.

„Јас претпоставувам дека тоа е повеќе популиситчка мерка, отоколу што би била мерка во интерес на самите пензионери, во смисла на заштита на нивниот животен стандард.“

Во случајов не станува збор за големо покачување, вели Јовановски.

„Тоа е тековно усогласување на пензиите со порастот на животните трошоци, меѓутоа тоа очигледно е извртување на фактите и излега као еве не се грижиме за пензионерите и им ги покачуваме пензиите.“
Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

Средба на претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.


Првичните најави за зголемување на пензиите беа за во декември. Покачената пензија ќе се исплати во март 2013 точно кога ќе се одржат изборите, вели Марјанчо Николов од опозициската СДСМ .

„Станува повеќе од јасно дека таквата одлука на владата има силни елементи на популизам и за дубара со пензионерите со цел да ги одоброволат за на локалните избори пензионерите го дадат својот глас за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.“

Не станува збор само за пензионерите, вели лидерот на НСДП Тито Петковски.

„Сега во Собранието владата поднесе и предлог закон да се одложи покачувањето на платите на административните работници. Се е ставено во функција на престојните локални избори во март. “

На Фондот за пензиско потребни му се околу 750 милиони евра годишно за пензии, но од придонесите што ги уплаќаат вработените собираат неполни 450 милиони, се проценува во медиумите. Што им останува на пензионерите? Крсте Митков кој чека пензија вели дека примањата би требало да растат со стандардот.

„Како што расте стандардот, така треба да растат и пензиите, ама политичарите го зголемуваат стандардот, а пензиите остануваат во место.“
XS
SM
MD
LG