Достапни линкови

logo-print

Предизборна миграција од Мала Преспа во Ресен


Ресен.

Ресен.

Македонци од Мала Преспа вадат лични карти на адреси во Ресен. Опозицијата обвинува дека власта ги носи за да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на наредните избори.

Ресен е погоден од нов доселенички бран на жители од Мала Преспа, Албанија, кои поднесуваат барања за издавање на лични карти. Ресенчани потврдуваат дека деновиве групи луѓе чекале пред нотарските канцеларии да ги заверат потребните документи.
Тука имаше собрано многу луѓе, на плоштадот. Јас помислив дека мириси продаваат, а тие правеле лични карти. Тоа се случи завчера. Биле од Преспа.

„Тука имаше собрано многу луѓе, на плоштадот. Јас помислив дека мириси продаваат, а тие правеле лични карти. Тоа се случи завчера. Биле од Преспа“, вели Славе Којдовски.
Ресен.

Ресен.


„Овде во градот имаше раздвижување. Ги гледавме тие што беа дојдени од Преспа, тука седеа кај столиците на плоштад, се движеа низ улиците. Ги гледавме дека в раце имаа документи. Ако добијат лични карти ќе гласаат, тоа не е во ред сега и тие ќе гласаат за Ресен“, вели Илија Димевски.
На една адреса се издаваат лични карти на повеќе лица 5,10, а фактот дека се предводени од активисти на ВМРО-ДПМНЕ до нотарот и другите служби, јасна е нивната намера.

„Имаше група од Мала Преспа, чекаа кај нотарите, цела недела доаѓаа“, вели ресенчанецот Неад Османлиев.

И жители од Мала Преспа кои пред повеќе години се доселиле во Ресен потврдуваат дека деновиве има нови доселеници кои бараат лични карти.

„Овде поарно е, но ако можат да дојдат. Ете сега им даваа лични карти на сите. Сите од Мала Преспа вадат документи, ама, како е, што е, не знам“, вели Неда Вуруму, која пред пред десет години се преселила во Ресен.

Опозицискиот СДСМ вчера реагираше дека се доселуваат жители од Мала Преспа во Ресен за да гласаат за кандидатот на владејачката партија, а за возврат им се нудат здравствено осигурување, социјална помош и друг надомест. Ова се случува четири месеци пред избори, во град каде беше тесна разликата на претходните локални избори, изјави Томе Веловски од СДСМ-Ресен.

„На една адреса се издаваат лични карти на повеќе лица 5,10, а фактот дека се предводени од активисти на ВМРО-ДПМНЕ до нотарот и другите служби, јасна е нивната намера.“

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не ги коментираа обвинувањата. Анкетирајќи граѓани затекнавме и нивни партиски членови кои изјавија дека се работи за демагогија.

„Просто се запрепастив кога слушнав дека во Ресен, најмирниот град, дошле од Мала Преспа за да гласаат, добиле станови. Чиста демагогија, иако ние гласаме за ВМРО-ДПМНЕ нашите деца не се вработени, а не пак нив ќе им дале станови“, изјави Климе Јаневски.

Ги проверивме и адресите кои опозицијата ги посочи како места каде наводно дојденците прикажувале дека живеат. Газдите на објектите не сакаа јавно да зборуваат, но не негираа дека издаваат соби на жители од Мала Преспа и за тоа плаќаат данок. Нотарите во Ресен, каде беше посочено дека се заверувале договорите за наем на стан, ни ја покажаа вратата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG