Достапни линкови

logo-print

Македонскиот граѓанин е во се понезавидна состојба. Платите и пензиите не стигаат да се истера месецот со последните поскапувања. Животниот стандард е се понизок. Не помагаат ни протестите против повисоките цени на струјата, парното и горивата. Надлежните институции останаа неми, а ни владата нема разбирање за граѓаните.

Од ден за ден. Месец за месец. Година за година. Така преживуваат поголемиот дел од македонските граѓани. Цените постојано бележат раст, сметките се се’ повисоки, а џебот е се попразен. Во изминатиот период поскапеа струјата, парното, горивата, како и храната. Платите и пензиите со години наназад се исти и граѓаните со нивните месечни примања одвај можат да ги подмират основните трошоци за живот.

Цела пензија за сметки

Таква е реалноста и на пензионерот Симеон Костов, кој вели дека поскапувањата се неиздржливи за неговиот стандард и дека се потешко се живее, бидејќи пари се помалку има.
Со 8-9.000 пензија, кај може да се живее? Само 6.000 се сметки, ова не знам на каде води? Пензиите се кажуваат по 5-6 проценти, за се друго се качува за 15-20 отсто.

„Со 8-9.000 пензија, кај може да се живее? Само 6.000 се сметки, ова не знам на каде води? Пензиите се кажуваат по 5-6 проценти, за се друго се качува за 15-20 отсто.“

Најголема главоболка на Костов му предизвикува сметката за струја и за парно, бидејќи е драстично зголемена во однос на минатата година и за која мора секој месец да издвои голем дел од неговата пензија.

„Разликата е скоро дупло, 50 проценти. Порано плаќав околу 1.000 денари, до 1.500 најмногу, сега плаќам од 2.000 до 2.300 денари зависи од месецот. “
Има поскапување, секоја година е се повеќе и повеќе. Цените растат, а се друго стои, плати, пензии, безработица. Ако корпата лани се полнела, сега е помалку.

Ништо поинаква не е ситуацијата и кај другите пензионери.

„Има поскапување, секоја година е се повеќе и повеќе. Цените растат, а се друго стои, плати, пензии, безработица. Ако корпата лани се полнела, сега е помалку.“

„За нас пензионерите да ви кажам право се е скапо, дали трошоците да ги платиш или за друго да гледаш, ама тоа е тоа.“

„Многу скапо е се, не само струјата, се е скапо, а пензиите мали, ама има луѓе и што не земаат плата или пензија. “

Што има во порошувачката кошничка?
Претерано е скапо, еве за струја 2.000 и за парно 4.500, само за тоа толку пари, а каде се другите работи.

Државниот завод за статистика престана да ја пресметува потрошувачката кошница. Според последните податоци од 2010 година едно четиричлено семејство било во можност со една просечна нето-плата од 20. 584 денари, да ја наполни месечната потрошувачка кошница за храна и пијалаци. Со тоа што би му останале 8.479 денари за други трошоци. Но според податоците за минатата година едно домаќинство во просек годишно имало примања од
323. 890 денари, а бројката на вкупно употребени средства истиот период изнесува 352 242. Што значи дека парите кои ги има на располагање едно домаќинство не се доволни.
Буџетот е тој за жал. Треба да се бориме за зголемување на платите, треба народот да го крене својот глас, бидејќи стварно е невозможно, не може. Јас сум исплашена, со две мали деца сум и не знам како ќе излезам на крај.

За разлика од пресметките на заводот, оние на Сојузот на синдикати покажуваат дека за нормално задоволување на вкупните потреби на едно семејство му се потребни, 30 илјади денари, од кои најголем дел одат на храна, домување, хигиена, како и превоз, обувки и лекови. Граѓани велат дека не знаат за што попрво платата да ја потрошат, но во едно се согласни пари нема доволно за сите потреби, а животот е се поскап.

„Буџетот е тој за жал. Треба да се бориме за зголемување на платите, треба народот да го крене својот глас, бидејќи стварно е невозможно, не може. Јас сум исплашена, со две мали деца сум и не знам како ќе излезам на крај.“

„Ова е хаос, навистина е катастрофа. За струјата премногу се плаќа-3.000 денари, а платите мали, 8.000 денари. Се работи на црно, а инспекции никаде нема, да контролираат, да ги казнат газдите.“
Секако дека опаѓањето на животниот стандард влијае врз семејниот буџет. Растат и недоразбирањата во семејството, со оглед на фактот дека не можат да ги подмират животните трошоци, а исто така се добива впечаток дека се поттикнува и социјалниот револт.

„Претерано е скапо, еве за струја 2.000 и за парно 4.500, само за тоа толку пари, а каде се другите работи.“

„Многу лошо, многу луѓе не можат да опстанат, да платат, поголема сиромаштија има.“

Новите поскапувања дополнителен удар за стандардот

Социологот Хасан Јашари вели дека очигледно е дека животниот стандард на народот во земјата опаѓа и се потешко е за пониските слоеви во општеството, како невработените, пензионерите и луѓето со ниско образование, односно незаштитените општествени слоеви.

„Секако дека опаѓањето на животниот стандард влијае врз семејниот буџет. Растат и недоразбирањата во семејството, со оглед на фактот дека не можат да ги подмират животните трошоци, а исто така се добива впечаток дека се поттикнува и социјалниот револт. “
Поскапувањето најмногу влијае на посиромашните слоеви, бидејќи тие најголемиот дел од платата, а може да кажеме и 100 проценти го користат за задоволување на нивните основи потреби, а токму последните поскапувања се однесуваат на тие видови основи производи и енергијата. Сето тоа значи дека сиромашното население ќе стане уште посиромашно, се помалку ќе може да ги задоволи своите основни потреби.

Според Шенај Хаџимустафа од Центарот за економски анализи македонскиот граѓанин осиромашува, поради последните поскапувања и поради фактот дека платите не се зголемуваат, што значи дека тој може да си дозволи помалку производи, бидејќи цените се повисоки.

„Поскапувањето најмногу влијае на посиромашните слоеви, бидејќи тие најголемиот дел од платата, а може да кажеме и 100 проценти го користат за задоволување на нивните основи потреби, а токму последните поскапувања се однесуваат на тие видови основи производи и енергијата. Сето тоа значи дека сиромашното население ќе стане уште посиромашно, се помалку ќе може да ги задоволи своите основни потреби.“

Се вклучи социјалниот аларм

Кај некои од граѓаните се вклучи социјалниот аларм и тие не можеа да останат рамнодушни на високите сметки за парното, струјата и горивото. Па така на социјалните мрежи се формираше граѓанската иницијатива „АМАН“, која секој вторник своето незадоволство реши да го искаже преку протести пред Регулаторната комисија за енергетика на плоштадот Пела. Тие велат дека имаат за цел да го обединат народот без разлика на неговата политичка, етничка или верска определба и да се изборат за подобри услови за живот.

„Нашиот револт е насочен кој Регулаторната комисија за енергетика која треба да е првиот столб што ќе ги штити интересите на граѓаните. Индиректно оваа иницијатива е насочена и кон Владата од која се очекува да има слух за проблемите и барањата на народот. “

Дел од нивните барање се, да се да се врати евтина дневна тарифа на струјата, да се врати цената на струјата на ниво од 2008 година, како и да се повлече новиот правилник на Топлификација и да се врати цената на парното на ниво од 2008 година. Тие бараат да се намалат и цените на горивата во согласност со стандардот на живеење.
Еден од членовите Александар Гочев вели дека ќе протестираат се додека не бидат исполнети нивните барања, за кои досега немаше слух од надлежните институции.
Ние се надеваме бидејќи за тоа и сме собрани, ќе видиме значи, со секој нареден протест ќе видиме како ќе се одвиваат работите, дали ќе има реакции од овие институции. Доколку добиеме позитивен одговор и влеземе во преговори, се надевам дека ќе успееме да се избориме за сите овие барања.

„Ние се надеваме бидејќи за тоа и сме собрани, ќе видиме значи, со секој нареден протест ќе видиме како ќе се одвиваат работите, дали ќе има реакции од овие институции. Доколку добиеме позитивен одговор и влеземе во преговори, се надевам дека ќе успееме да се избориме за сите овие барања.“

И повеќето од граѓаните кои ги анкетиравме е велат дека владата треба да преземе нешто за да ја подобри состојбата во земјата.

„Државата е таа која секогаш треба нешто да направи, јас не можам ништо да направам, затоа и се избираат тие државни органи да работат нешто.“

„Јас мислам дека би требало да се направи нешто, на пример за пензионерите, за тие што зимаат минимални плати, да им се помогне на оние кои се ранлива категорија.“
Социјалната држава води политика која треба да ги заштити оние кои се најзагрозени, најпогодени и тоа е една од „мудростите“ на решавање на социјалните проблеми. Мислам дека во тој поглед Македонија прави еден напор, но не доволно во смисла на една јасна диференцијација на оние кои навистина ќе ги погоди едно поскапување на струја, на основни животни производи што е потребно за живот.

„Државата требало да реагира уште пред да биде ова поскапување, меѓутоа Регулаторната комисија со нас си игра како што сака.“

Иако повеќето од нив се скептични дека владата ќе се погрижи за доброто на народот.

„Не верувам, си прават само во нивна корист, во наша ништо, граѓаните патат.“

„Се жалиме, не ни е пријатно, не ни е добро, но државата во моментот ништо не може да направи, тоа се монополи, кои си формираат сами цени, имаме некоја Регулаторна комисија до која они доставуваат барање, они така решаваат и тоа е тоа.“

„Ние не сме моќни, кога друг одлучува, кога нема поддршка од Владата и се прашувам колку воопшто нашето мислење вреди.“

Хаџимустафа вели дека можеби владата не може да го контролира поскапувањето на цените, кое зависи од надворешните случувања, но може да се намали стапката на невработеност и на сиромаштија во земјата.

„Колку поголем број на луѓе работат, толку истите ќе бидат во можност да ги задоволат своите потреби, нема да бидат товар на државата. Секако поскапувањата ќе удрат по нивниот џеб, но нема во толкава мера. Да речеме ако во едно семејство работат двајца - тројца членови, а не само еден, тогаш тој удар ќе биде поблаг. Затоа сметам дека е многу побитно да се зголеми таа стопанска активност во нашата земја, за да можеме да бидеме способни сами да ги издржуваме овие удари без да има потреба владата да реагира со било какви мерки.“

И според социологот Илија Ацески владата е должна да им помогне на најранливите групи кои се најпогодени од поскапувањата на цените.

„Социјалната држава води политика која треба да ги заштити оние кои се најзагрозени, најпогодени и тоа е една од „мудростите“ на решавање на социјалните проблеми. Мислам дека во тој поглед Македонија прави еден напор, но не доволно во смисла на една јасна диференцијација на оние кои навистина ќе ги погоди едно поскапување на струја, на основни животни производи што е потребно за живот.“

Тие што не избегале на запад ќе штедат

Според Јашари последиците од незадоволството на народот од животниот стандард веќе се гледаат.

„Младите ја напуштаат Македонија, на другата страна имаме се повеќе болни луѓе, се послаба здравствена заштита на населението . Од една страна имаме и се послаба излезност на граѓаните на избори, што е исто така еден вид на протест, реакција против политичките партии.“

На граѓаните, според Ацески, им останува само да штедат.

„Најчесто тоа штедење се сведува на кратење на оние потреби од повисок ранг, на оние кои се основните, елементарни потреби врзани за секојдневниот живот.“

И самите граѓани признаваат дека кратат каде што можат за да го преживеат месецот.

„Треба да се штеди, кој колку пари има толку ќе троши, така било отсекогаш , така ќе биде и во иднина. Никој не не прашува како, ама ќе се научиме помалку да трошиме, повеќе да работиме.“

„Кратиме колку што е чергата, само на тој начин, нема друг, бидејќи сум пензионерка не можам да се задолжувам.“

„Кратиш, штедиш како знаеш, ќе купиш млеко и ќе му додадеш пола вода, за да има повеќе“

Пензионерот Симеон Костов вели доколку и натаму продолжи ценовниот шок тој не знае како ќе излезе на крај, а истото го велат и другите граѓани кои се повеќе се плашат од иднината.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG