Достапни линкови

Сè е исто, освен цените


Не работиме, немаме ни јас, ни маж ми, да ме прашате еве солзи ми течат, сега од црква идам да си се изнаплачам, маките да си ги кажам и да не зборувам повеќе, вели анкетирана граѓанка во Скопје.

Паричникот на граѓаните станува сè потенок, стомакот почнува да крчи, цените во маркетите растат еднаш неделно како да се на лицитација, незадоволството расте. Повеќе од еден месец неколку илјади граѓани излегуваат на вторничните протести во неколку градови, барајќи намалување на цените на енергенсите. Докторите најавија генерален штрајк и рекоа дека ќе штрајкуваат се додека не им се исполнат барањата. На улица излегоа и оризарите и дел од земјоделците кои се незадоволни од откупот на производите. Тие велат дека е апсурдно да произведуваат храна, а да немаат за јадење. Над 200-те земјоделци, кои се собраа на главната сообраќајница Штип – Кочани тврдат дека ова е само предупредување, а следниот пат нивните протести ќе се радикализираат.
Не работиме, немаме ни јас, ни маж ми, да ме прашате еве солзи ми течат, сега од црква идам да си се изнаплачам, маките да си ги кажам и да не зборувам повеќе.
Анкетирани граѓани.

Граѓаните велат дека сè потешко се издржува и дека не можат повеќе вака да живеат.

„Не работиме, немаме ни јас, ни маж ми, да ме прашате еве солзи ми течат, сега од црква идам да си се изнаплачам, маките да си ги кажам и да не зборувам повеќе.“

„Не може да стане збор дека има задоволство, има едно општо незадоволство затоа што ова е едно дезорганизирано и дезориетирано општество.“

„Сиромаштија, нема работа, нема плати, нормално да се незадоволни.“
Македонија влегува во една кризна ситуација во смисла дека некако се потрошени надежите во кои добар дел од луѓето живееја, дека имаше избори на пример и дека ќе се решат проблемите дека ќе се реши вработувањето и така натаму. Се доаѓа до едно општо мислење дека тешко да мрднат од место работите во Македонија.
Илија Ацески, универзитетски професор.

Експертите велат дека причините за порастот на незадоволството се големата невработеност од над 30 проценти, сиромашното население кое изнесува околу 30 отсто како и постојаниот раст на цените, слабеењето на куповната моќ на граѓаните и платите кои стагнираат.

„Македонија влегува во една кризна ситуација во смисла дека некако се потрошени надежите во кои добар дел од луѓето живееја, дека имаше избори на пример и дека ќе се решат проблемите дека ќе се реши вработувањето и така натаму. Се доаѓа до едно општо мислење дека тешко да мрднат од место работите во Македонија“, вели професор Илија Ацески.

Тој смета дека и недовербата во политичарите и институциите е дополнителна причини за растот на незадоволството кај граѓаните.

Но, граѓаните, кога станува збор за најавениот штрајк на докторите, сметаат дека тие нивното незадоволство треба да го изразат на друг начин затоа што пациентите се тие кои на крај ќе страдаат.

„Има ли штрајк, правда нема.“

„Јас не сум за штрајк, мислам треба да размислат убаво па после, има промени, измени, како ги трпиме ние сите овие измени, како преживуваме, кој не прашува нас?“

„Ако има тотален штрајк ќе нема лекови, ниту ќе примат пациенти.“

Сепак, Ацески е скептичен дека растот на незадоволството кај граѓаните ќе доведе до голем бунт затоа што како што вели народот лесно се разочарува и повлекува.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG