Достапни линкови

Струшките училишта пред затварање?


Архивска фотографија - Гимназијата Ибраим Темо во Струга.

Архивска фотографија - Гимназијата Ибраим Темо во Струга.

Зимата тропа на врата, а градските власти во Струга не знаат како да го решат проблемот со затоплувањето на училиштата. Две училишта во општината се уште немаат струја, а голем дел се со блокирани жиро сметки. Градоначалникот Мерко бара помош од државата.

Се соочуваат ли дел од струшките училишта со прекин на наставата оваа зима и ставање катанец на врата? Ова прашање станува се поактуелно откако и понатаму во некои од училиштата нема струја поради неподмирени обврски кон ЕВН.
Проблеми имаат и основните и средните училишта но и градинките. До сега делувавме со нашето влијание кај компаниите кои вршат превоз на ученици и кои вршат дотур на нафта. Но време е да им биде платено за нивните услуги.

Иако зимава тропа на врата во училиштето во селото Јабланица и во едно од најголемите училишта во општина „Асим Агуши“ во Радолишта, светилките не светат, а неколку училишта се со блокирани жиро сметки што го отежнува нивното нормално функионирање. Компаниите преку извршители поради добиените судски спорови почнуваат да си го наплаќаат долгот.
Илустрација, училиште.

Илустрација, училиште.


Џеми Хајредини раководител на секторот за образование во општина Струга за Слободна Европа кажа дека е оптимист и оти очекува дека до прекин нема да дојде, а со ЕВН ќе најдат заеднички јазик за исплата на долговите на рати.

Поради неподмирени обврски за нафта и превоз на ученици моменталниот долг на струшкото образование изнесува 1 милион и 200 илјади евра.

Градоначалникот Рамиз Мерко, вели дека моменталната ситуација потекнува уште од 2009 година.
Веќе работиме на конкретни чекори како можеме да помогнеме на општините нема да дојде до застој нити во греењето нити во функционирањето на училиштата, тоа не го дозволивме нити на почетокот на учебната година нема да дозволиме ни сега.

„Проблеми имаат и основните и средните училишта но и градинките. До сега делувавме со нашето влијание кај компаниите кои вршат превоз на ученици и кои вршат дотур на нафта. Но време е да им биде платено за нивните услуги“, рече Мерко.

Министерот за образование Панче Кралев при неговата неодамнешна посета на регионот рече дека се работи на надминување на овој проблем.

„Самата комуникација која општина Струга ја води со ЗЕЛС, ЗЕЛС ја пренесе до Министерството за образование и наука и Владата и веќе работиме на конкретни чекори како можеме да помогнеме на општините нема да дојде до застој нити во греењето нити во функционирањето на училиштата, тоа не го дозволивме нити на почетокот на учебната година нема да дозволиме ни сега“, рече Кралев.

Мерко вели дека државата на општините треба да им помогне со гориво од државните резерви.

„Ние дадовме предлог горивата да се донесат од државните резерви бидејки има такво гориво.Со тоа средствата кои ни остануваат со нив да ги исплатиме долговите од минатата година“, рече Мерко.

Мерко уверува дека ќе се потруди да не дојде до прекин на училишната година во Струга и струшко.
XS
SM
MD
LG