Достапни линкови

Сè уште нема решение за проблемот со наставата во Подгорци


Архивска фотографија: Протест на ученици и родители од село Подгорци пред општина Струга.
Архивска фотографија: Протест на ученици и родители од село Подгорци пред општина Струга.

Дел од учениците продолжија да ја следат наставата во соседното Лабуништа, додека најупорните останаа да учат во диви паралелки во Подгорци.

Проблемот со учениците Албанци во струшкото село Подгорци сè уште не е решен. Дел од нив наставата продолжија да ја следат во соседното село Лабуништа, додека најупорните останаа во Подгорци да учат во диви паралелки со учителки кои ги плаќаат родителите.
Претпоставувам дека со ваков начин сакаат да придобијат некој поен, меѓутоа им штетат само на децата и на својата заедница. Дозволете им на децата сами да го изберат јазикот на кој ќе ја изучуваат наставата. Никој не е против да се изучува мајчиниот јазик. Тоа е дадено и со концепцијата и со сите законски и подзаконски акти. Јас би им порачал на политичарите, тргнете ги рацете од образованието и дозволете им на учениците и наставниците како знаат и умеат.
Исмаил Демировиќ, Управа за развој и унапредувањето на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

Изминативе денови во училницата каде што се изведува настава на албански нема струја, па часовите попладне децата ги следат на свеќи. Родителите најавуваат дека секој последен петок во месецот ќе протестираат пред надлежните институции - локалната самоуправа во Струга, Министерството за образование и пред седиштата на ОБСЕ и ЕУ во Скопје сè додека ова прашање не се реши, а нивните деца престанат да бидат жртви на политички поткусурувања.
Архивска фотографија: Протест на ученици и родители од село Подгорци пред општина Струга.
Архивска фотографија: Протест на ученици и родители од село Подгорци пред општина Струга.

Политичарите со ваквиот начин на однесување сакаат да придобијат и по некој поен, смета Исмаил Демировиќ од Управата за развој и унапредувањето на образованието на јазиците на припадниците на заедниците.

„Претпоставувам дека со ваков начин сакаат да придобијат некој поен, меѓутоа им штетат само на децата и на својата заедница. Дозволете им на децата сами да го изберат јазикот на кој ќе ја изучуваат наставата. Никој не е против да се изучува мајчиниот јазик. Тоа е дадено и со концепцијата и со сите законски и подзаконски акти. Јас би им порачал на политичарите, тргнете ги рацете од образованието и дозволете им на учениците и наставниците како знаат и умеат“, рече Демировиќ.

Тој додава дека она што не им се допаѓа е поделбата на учениците по етничка основа, иако има и позитивни примери.

„Она што нас во Управата не ни се допаѓа е поделбата или дислоцирање на училишта. Поделбата е најголема меѓу Албанците и Македонците, меѓутоа тие примери полека изумираат, така што повторно се враќа соживотот“, вели Демировиќ.

Македонија со уставот и законите предвидува право на учење на мајчин јазик. Но потешкотии во спроведување на овој процес има пред сè поради самата финансиска ситуација во државата. Во Македонија наставата по училиштата се изведува на четири наставни јазици - македонскиот, албанскиот, турскиот и српскиот јазик.

Со новата концепција за деветгодишно основно образование, дадена е можност за учење и на другите јазици, како што е на јазикот и културата на Бошњаците, Власите и Ромите, а на Бошњаците им е дадена можност за експериментално изучување на нивниот мајчин јазик во три училишта во земјава.
XS
SM
MD
LG