Достапни линкови

Протест во струшката градинка Сонце


Протест на 11 вработени во струшката градинка Сонце кои неколку години работат со договор на дело.
Протест на 11 вработени во струшката градинка Сонце кои неколку години работат со договор на дело.

Единаесет вработени во струшката градинка „Сонце“ кои неколку години работат со договор на дело, одржаа мирен протест. Од раководството на градинката велат дека не се исклучува можноста еден од објектите на градинката да биде затворен.

Николче Секулоски кој во струшката градинка „Сонце“, 10 години работи како готвач со нерешeн статус, со договор на дело, заедно со своите колеги вкупно единаесет на број кои ја делат истата судбина, одржаа мирен протест. Гневни се, како што велат, од незаинтересираноста на надлежните институции да го решат проблемот. Повеќе од три месеци немаат земено ниту плата, бидејќи последната што ја зеле била за месец јули.
Последната година сме со договор на работа, но на определено време и кога почна тој договор платите ги земаме со големо каснење. Институциите немаат слух за ова. За моето работно место готвач, пет години речиси секој месец праќаме барање до министерството за труд и социјална политика, нема позитивен одговор. Земавме по 6.200 денари.
Николче Секуловски, вработен во градинка „Сонце“ во Струга.

„Последната година сме со договор на работа, но на определено време и кога почна тој договор платите ги земаме со големо каснење. Институциите немаат слух за ова. За моето работно место готвач, пет години речиси секој месец праќаме барање до министерството за труд и социјална политика, нема позитивен одговор. Земавме по 6.200 денари“, вели Николче Секуловски.

Учителката Назипи Небедет, вели дека размислува да ја напушти работата бидејќи без пари не се живее.

„Сега ни кажаа дека нема да имаме плата до јануари.“

РСЕ: Како издржувате сиве овие години?

„Живееме во надеж дека проблемот ќе се реши, чекаме дека работата ќе се реши. Без пари не се работи, мислиме да ја напуштиме работата“, вели Небедет.

Со заминувањето на воспитниот кадар ќе згаснат групите, многу деца ќе нема да можеме да ги примаме.
Зурал Реџепоска, директор на градинката „Сонце“.
Во градинката престојуваат 380 деца, затоа неопходно е итно решавање на статусот на сите вработени, вели директорката Зурал Реџепоска. Доколку не, не се исклучува можноста на еден од објектите на „Сонце“ да биде ставен катанец на врата.

„Од техничкиот персонал имаме 4 хигиеничарки, од нив ниту една нема решен статус. Имаме отворена група на албански јазик која работи со воспитувачка, но без негувателка, а воспитувачката е со нерешен статус. Турската група, исто така, ниту негувателката ниту воспитувачката немаат решен статус. Со заминувањето на воспитниот кадар ќе згаснат групите, многу деца ќе нема да можеме да ги примаме“, вели Реџепоска.

Вработените добија поддршка и од родителите на децата кои ја посетуваат градинката.

„Сите велиме дека децата се иднината на државата. Ако не се добро згрижени нашите деца тоа не е во ред. Како што ние сме платени и одиме на работа треба и учителките и негувателките да се платени, а децата да се добро згрижени“, вели Теута Зиба Џеладини, родител на едно од децата што ја посетува градинаката.

Во струшката градинка „Сонце“ учат деца од сите националности, а вработените и родителите најавуваат дека овде нема да застанат и оти случајот ќе го тераат до крај.
XS
SM
MD
LG