Достапни линкови

Европската иницијатива за стабилност предлага реформа на системот за азил


Гералд Кнаус, Европска иницијатива за стабилност

Гералд Кнаус, Европска иницијатива за стабилност

Земјите-членки на ЕУ да го реформираат сопствениот систем за давање азил, наместо да размислуваат за враќање на визниот режим за Западен Балкан, предложија Гералд Кнаус и Александар Стиглмаер од независниот институт Европска иницијатива за стабилност. Евентуалното враќање на визите за земјите од Западен Балкан ќе биде фундаментална и стратегиска грешка на ЕУ, која ќе ја намали довербата во Унијата и ќе ги обесхрабри земјите како Турција, Молдавија и Косово, кои водат преговори за безвизно патување во земјите од Шенген зоната, истакнаа Кнаус и Стиглмаер во текст, објавен на Интернет порталот „ЕУ Обзервер“. Двајцата аналитичари истакнуваат дека причината за приливот на „лажни“ азиланти во Германија и некои други земји донекаде се крие во фактот дека процедурата на разгледување на барањата е долга и сложена, а во текот на целото време додека чекаат, кандидатите добиваат голема финансиска помош.
XS
SM
MD
LG