Достапни линкови

logo-print

Прекинат штрајкот на машиновозачите


Илустрација, протест пред влада

Илустрација, протест пред влада

Штрајкот на машиновозачите кој траеше шест дена денеска е прекинат. Машиновозаците се изборија за своите права. По средбата со раководството на претпријатието тие добиле ветување дека ќе им бидат исполнети барањата, меѓу кои и тоа дека ќе биде укината суспензијата на синдикалниот лидер Ристо Пејовски. Тој беше суспендиран откако даде изјава за медиумите во која го обвини раководството за нестручност. По денешнaта средба со генералниот дикретор на претпијатието Оливер Дерковски, Пејовски изјави:
„Морам да кажам дека во ситуација на револт дадов неумерени изјави кои ги демантирам, а кои беа насочени кон личноста на генералниот директор. Јавно му се извинувам за навредите“, изјави Пејовски.
Тој вели дека денешните разговори со раководството биле конструктивни. Донесена е одлука да се отповика решението за суспенција на Пејовски, да бидат прифатени нивните предлози за креирање на колективниот договор, третото барање да не се казни ниеден член на синдикатот што излезе на штрајк и да им се обезбеди синдикална канцеларија.

Синдикат на машиновозачите подолго време укажуваше на проблемите и условите за работа.
XS
SM
MD
LG