Достапни линкови

Италија ќе воведува построги казни за корупција


Премиерот Марио Монти

Премиерот Марио Монти

Италијанскиот сенат синоќа во прво читање го усвои ригорозниот закон за борба со корипција, Со новиот закон се предвидува построги казни, за проневера на пари на пример се предвидува казна од 6 до 12 години затвор, додека осудените за корупција ќе одлежат казна затвор од 4 до 8 години. Законот сега треба да помине и во Горниот дом на парламентот во првата половина на ноември. Шефот на владата Марио Монти изрази задовослтво за усвојувањето на законот и изјави дека антикорупциските мерки ќе влијаат позитивно на деблокадата на растот. Претходно Италија беше потресена од неколкуте корупциски скандали кои ги полнеа весниците од претставници и на левицата и на десницата во земјата.
XS
SM
MD
LG