Достапни линкови

Филе: Почетокот на преговорите за Србија догодина може да бидат реалност


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Белград изјави дека искрено верува оти Србија може следната година да ги започне преговорите за пристапување во ЕУ.
Тој додаде дека ако Србија ја искористи шансата претставена во овогодинешниот извештај на Европската Комисија тогаш постојат шанси почетокот на преговорите догодина да станат реалност.
По прашањето за признавањето на територијалниот интегритет на Косово како дел од стратегијата за проширување, Филе изјави дека нема никакви нови услови ни правила за пристапување на Србија во ЕУ и изрази надеж дека денеска работите се разјаснети, односно дека формулацијата „територијален интегритет“ не прејудицира на статусот на Косово и не ја доведува во прашање неутралноста на ЕК, туку укажува на став против поделна на Косово.
Српскиот премиер Ивица Дачиќ по средбата со Филе изјави дека е подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина, му било објаснето дека за дијалогот, како и за продолжување на европскиот пат на Србија, нема дополнителни услови.
XS
SM
MD
LG