Достапни линкови

logo-print

СДСМ ја повика Владата да ги разгледа сериозните забелешки во Извештајот


СДСМ го поздравува фактот што Македонија ја задржува европската агенда како врвен приоритет и што покажува и формален напредок во евроинтеграциските процеси. Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев jа повика Владата да не ги издвојува само позитивните аспекти на најновиот Извештај од Европската комисија како некаков вид триумфализам и да ги разгледа, прифати и признае сериозните забелешки во него, како прв чекор кон подобрување на состојбите во тие области. Тој додаде дека и во овој извештај се содржат сериозни забелешки за недоволен или никаков напредок во состојбите со слободата на говор и демократијата, а односите со соседите повторно се наметнуваат како закана за нашите европски аспирации.
XS
SM
MD
LG