Достапни линкови

Проектот „Безбедност во училиштата“ се проширува и во основните школи


Промовиран проектот „Безбедност во училиштата“. Министерот за образование Панче Кралев, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет.

Промовиран проектот „Безбедност во училиштата“. Министерот за образование Панче Кралев, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет.

Лани биле пријавени скоро двојно повеќе случаи на насилничко однесување од страна на ученици воспоредба со претходната година, рече министерката Јанкулоска.

Проектот „Безбедност во училиштата“ годинава се проширува и во основните училишта. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска го најави продолжувањето.
Беа регистрирани 103 случаи за разлика од 59 претходната година кога беше пријавено насилничко однесување од страна на ученици. Во инцидентите, учениците најчесто употребувале физичка сила и тоа во 85 случаи, потоа во 9 случаи се употребени тврди предмети, во 6 случаи е употребен нож, во два случаи со пиштол е пукано кон ученици и во еден случај со пиштол е удрен ученик.

„Чинам дека тоа го правиме поподготвени, не само поради искуството стекнато во текот на минатата учебна години, туку и поради фактот дека заедничкото дејствување на полицијата и локалните установи, потоа граѓаните и граѓанските асоцијации, како и со нашите партнери од ОБСЕ, е најдобриот начин во постигнување на посакуваните цели.“

Министерката посочи дека минатата година двојно повеќе малолетници насилно го нарушувале јавниот ред и мир.
Промовиран проектот „Безбедност во училиштата“.

Промовиран проектот „Безбедност во училиштата“.


„Беа регистрирани 103 случаи за разлика од 59 претходната година кога беше пријавено насилничко однесување од страна на ученици. Во инцидентите, учениците најчесто употребувале физичка сила и тоа во 85 случаи, потоа во 9 случаи се употребени тврди предмети, во 6 случаи е употребен нож, во два случаи со пиштол е пукано кон ученици и во еден случај со пиштол е удрен ученик.“
Исто така станува збор за уникатна можност учениците да се сретнат и отворено да комуницираат со полицајци. Верувам дека тоа ќе придонесе кон продлабочување на довербата меѓу учениците и полицијата.

Како последица на инцидентите, лани еден ученик почина во Скопје, а друг беше смртно застрелан во Тетово. Единаесетмина биле тешко повредени во тепачки.

Министерот за образование Панче Кралев смета дека со продолжување на проектот се придонесува кон борбата и превенцијата на насилствата меѓу младите.

„Насилството врз децата е еден од најсериозните проблеми кои ги загрозуваат нивниот развој, здравјето и добросостојбата, основните права, достоинството и дури може да го доведат во прашање дури и детскиот живот.“

Кралев најави и стратегија за спречување на насилството

„Кој ќе биде промовиран во следните денови и од чија работа ќе произлезат и протоколите за спречување на насилство во училиштата кои ќе имаат за цел да воспостават јасно утврдени практики како наставниците, родителите, директорите да се справуваат со појавите на насилство.“

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет изрази надеж дека проектот ќе помогне во разбирање на разликите и уочување на сличностите меѓу младите.

„Исто така станува збор за уникатна можност учениците да се сретнат и отворено да комуницираат со полицајци. Верувам дека тоа ќе придонесе кон продлабочување на довербата меѓу учениците и полицијата.“

Минатата година проектот се спроведе во пет средни училишта.
XS
SM
MD
LG