Достапни линкови

Минимум пари за сметки на училиштата


Илустрација: Првиот школски ден во ОУ Владо Тасевски во Скопје.
Илустрација: Првиот школски ден во ОУ Владо Тасевски во Скопје.

Минимум пари од владата за сметки за училиштата. Градоначалниците од опозицијата се жалат, оние од владејачката партија велат проблемот се решава.

Општините се жалат дека парите кои централната власт им ги префрла за оваа година се минимални и дека ни оддалеку не ги задоволуваат потребите. Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски рече дека и покрај сè, општината ќе биде во границата на лимитот што го поставува централната власт со буџетирањето. За илустрација, Карпош добива месечено еден милион и 700 илјади денари за десет училишта. Тоа се по 140 илјади денари за едно училиште со кои треба да се плати електрична енергија, парно греење, ѓубретарина, вода, телефонски сметки, хигиенски средства, учебни помагала и евентуално тековно одржување ако има некои поправки итн.
Со 140 илјади денари ние треба сè ова да го платиме, а само една сметка за парно во декември, јануари и февруари ни стигнува по еден милион денари. Ни оддалеку не задоволуваат овие средства.
Стевче Јакимовски, градоначалник на општина Карпош од СДСМ.

„Со 140 илјади денари ние треба сè ова да го платиме, а само една сметка за парно во декември, јануари и февруари ни стигнува по еден милион денари. Ни оддалеку не задоволуваат овие средства.“

Проблемите со централната власт на Карпош не се само во делот на финансиските средства. Јакимовски истакна дека исто така 52 жени од градинките се заминати во пензија и за сите нив им е укинато финансирањето, односно дека општината не може да прими нови негувателки.
Тие се подготвуваат за локалните избори. Ви тврдам дека редовно се префрлаат финансиски средства. Има проблем со една наследена ситуација од претходно поради формулата според која се доделуваа финансиските средства и тој проблем сега се надминува, но дотогаш нашата општина предвиде финансиски средства од сопствениот буџет.
Владимир Талески, градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ.

Проблеми со префрлањето пари од централната власт има и во другите општини, но градоначалниците од владејачките партии не сакаат толку отворено да зборуваат за нив. Во објаснувањето на релацијата меѓу централната и локалната власт, според нив, комуникацијата е претставена негативно во најмала рака и секако погрешно. Погрешно, затоа што нагласениот критицизам е искривен и во функција на предизборна кампања, вели Владимир Талески, градоначалник на Битола.

„Тие се подготвуваат за локалните избори. Ви тврдам дека редовно се префрлаат финансиски средства. Има проблем со една наследена ситуација од претходно поради формулата според која се доделуваа финансиските средства и тој проблем сега се надминува, но дотогаш нашата општина предвиде финансиски средства од сопствениот буџет.“
Струјата поскапува, нафтата поскапува, ние се надеваме дека тоа ќе го имаат предвид. Да не се шегуваме со учениците, треба од други страни да се скратат средства, сега да не правиме други луксузни работи.
Басри Бајрами, градоначалник на Арачиново од ДУИ.

И додека Талески се претставува како градоначалник кој без многу проблеми поминува во менаџирањето на општината, градоначалникот на општина Арачиново потенцира нешто сосем спротивно. Сите знаеме дека е рецесија. Но, Басри Бајрами истакнува дека образовниот систем е последното место каде што високите државни функционери може да се дозволат пропусти од типот неплатени сметки за греење и изгубени часови за учениците.

„Струјата поскапува, нафтата поскапува, ние се надеваме дека тоа ќе го имаат предвид. Да не се шегуваме со учениците, треба од други страни да се скратат средства, сега да не правиме други луксузни работи, но ние треба ова да го имаме предвид.“

Приказната на овие тројца градоначалници е приказната за вкупно 85-те општини, но и за централната власта и начинот на кој таа ги префрла и планира парите за општините, што во голема мера влијае на квалитетот на училиштата.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG