Достапни линкови

Нова школска година, стари проблеми


Блокирани сметки за струја, долгови за превоз, нема пари за варосување, украдени компјуетри... Почнува новата школска година.

Блокирани сметки, без струја, без пари за варосување на училници, неподмирени сметки за превоз и нафта, оштетени учебници, историски грешки, малку книги за стручните училишта, закочено реновирање на стари училишта. Ова се само дел од старите проблеми кои останаа и во новата учебна година.
Имаше некои проекти како што беше тој со набавката на компјутери, голем број, повеќе од колку што беше потребно, недоволно квалитетни и сето тоа остава простор за да не може да бидат рационално употребени средствата. Секоја активност мора да биде направена на оптимален начин за да може со расположливите ресурси да бидат постигнати целите, инаку јасно ни е дека кога ќе потрошите трипати повеќе пари од колку што е потребно дека нешто друго ќе страда за сметка на тоа, бидејќи ние не сме којзнае колку богата земја за да можеме да се расфрламе со пари.

Но проблемите не запираат кај прашањето за парите. Во одделни градови особено во западниот дел на земјава, има недостиг на паралалки и во основните и во средните училишта, на пример во еден клас има и по 40 ученици додека во друг едвај се формира клас.

Претседателот на невладината организација „Цивил“ Џебир Дерала вели дека покрај финансиските и техничките проблеми, учениците се соочуваат и со проблематични учебници и дискриминаторски однос.

„При тоа ако земеме предвид дека наставниот кадар е слабо обучен, ако земеме предвид дека најголем дел од персоналот е или под капата на некоја партија, се разбира од тие што се на власт, или пак, се едноставно тотално демотивирани поради низа работи, почнувајќи од платата, завршувајќи со условите за работа. Мислам дека тоа е нешто што мора владата веднаш да го санира.“

Тој додава дека проблемите на терен не се само технички.

„Реалната состојба на терен е тоа што децата и младите се длабоко поделени по етнички линии. Имате националистички гнезда кои се шират и негуваат токму во училиштата. Тие се поделени во смени, а сега веќе се поделени и во различни згради, меѓутоа во слободното време кога ќе се сретнат знаеме што се случува, сетете се само на минатата пролет што се случи.“

Министерот за образование Панче Кралев вели дека годинава е рекордна година по инвестиции во образованието.

„Значи масовно се работи на подобрување на квалитетот на инфраструктурата на училиштата секаде во Република Македонија, што од средства обезбедени од буџетот, што од средства обезбедени од општините или од разни донации.“
Но луѓето од образовниот сектор не се согласуваат, затоа што иако летово се започна со реновирање на дел од училиштата тие се уште не се готови.
Масовно се работи на подобрување на квалитетот на инфраструктурата на училиштата секаде во Република Македонија, што од средства обезбедени од буџетот, што од средства обезбедени од општините или од разни донации.

Поранешниот министер за образование Ненад Новковски вели дека проблемите во училиштата се стари и се провлекуваат со години, а не се решени поради неправилното распоредување на парите планирани за нив.

„Имаше некои проекти како што беше тој со набавката на компјутери, голем број, повеќе од колку што беше потребно, недоволно квалитетни и сето тоа остава простор за да не може да бидат рационално употребени средствата. Секоја активност мора да биде направена на оптимален начин за да може со расположливите ресурси да бидат постигнати целите, инаку јасно ни е дека кога ќе потрошите трипати повеќе пари од колку што е потребно дека нешто друго ќе страда за сметка на тоа, бидејќи ние не сме којзнае колку богата земја за да можеме да се расфрламе со пари.“

И компјутерите за секое дете станаа проблем затоа што при последната извршена контрола на Министерството за образование во 328 училишта утврдено е дека за шест месеци се украдени 242 компјутери, 415 монитори, 334 тастатури, 472 глувчиња, 1.657 преносни компјутери за деца од прво до трето одделение.

Во 457 училишта, од кои 358 основни, а 99 јавни средни училишта, наставата ќе ја следат околу 200.000 основци и повеќе од 20.000 средношколци. 20.700 првачиња денеска за прв пат ќе седнат во училишните клупи.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG