Достапни линкови

Не се следи како се имплементираат мерките, се следи само дали ќе бидат донесени и поради тоа може да се даде една општа оценка дека доминира техничкиот наместо суштинскиот пристап во дефинирање и во решавање на проблемите, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Областите нотирани во Пристапниот дијалог на Виско ниво со ЕУ се соодветно идентификувани и одговараат на предизвиците со кои се соочува Македонија, како владеење на правото, слободата на медиумите, реформи во јавната администрација, изборната реформа и функционалната пазарна економија. Но приоритетните цели во Оперативниот патоказ се недоволно амбициозно поставени или воопшто не постојат конкретно, опипливи мерки. Тоa значи дека проблемите во дадените области се подлабоки и за нивно решавање потребни се посериозни и померливи решенија. Ова е заклучокот на граѓанските организации по повод третата рунда на Политичкиот дијалог на високо ниво.
Значи не се следи како се имплементираат мерките, се следи само дали ќе бидат донесени, дали ќе бидат штиклирани во патоказот и поради тоа може да се даде една општа оценка дека доминира техничкиот наместо суштинскиот пристап во дефинирање и во решавање на проблемите.

„Значи не се следи како се имплементираат мерките, се следи само дали ќе бидат донесени, дали ќе бидат штиклирани во патоказот и поради тоа може да се даде една општа оценка дека доминира техничкиот наместо суштинскиот пристап во дефинирање и во решавање на проблемите“, вели Бојан Маричиќ од Македонскиот центар за европско образование.

Преставникот на граѓанските организации во Националниот совет за европска интеграција Тања Хафнер Адеми вели дека проблемот е што европската агенда не е на најприоритетното место, но и тоа што во неа не се вклучени проблемите коишто најмногу ги засегаат граѓаните.
Може да се каже дека на некој начин не нè охрабрува тоа што ни се кажува дека сè е супер, а ние како граѓански организации гледаме дека ништо не сме направиле. Имаше за сè и сешто, ама немаше едно с од сиромаштија или секојдневни проблеми со кои се среќаваат нашите граѓани.

„Може да се каже дека на некој начин не нè охрабрува тоа што ни се кажува дека сè е супер, а ние како граѓански организации гледаме дека ништо не сме направиле. Имаше за сè и сешто, ама немаше едно с од сиромаштија или секојдневни проблеми со кои се среќаваат нашите граѓани.“

Според Маричиќ, Пристапниот дијалог не е суштински инклузивен процес, бидејќи тој се сведува само на информирање на засегнатите страни и граѓанските организации.

„Бараме да бидат вклучени организациите со својата експертиза, со своето знаење и идеи директно во работните групи на сите точки и да бидат вклучени пред донесувањето на патоказот, значи кога тој ќе се прави, а не отпосле. На тој начин ќе направиме и еден вид на вежба за вистинските преговори. Ако ние сега не можеме да се организираме на тој начин да имаме еден кредибилен патоказ во кој сите ќе веруваат, а не само владата и Европската комисија, тешко дека ќе направиме некоја суштинска промена и европеизација.“

Според експерите Политичкиот дијалог мора да обезбеди придвижување на евроинтегративниот процес и до крајот на годинава може ќе ги имаме исполнето сите очекувања од патоказот, но проблемите може да останат, па затоа ЕК не треба да ги истакне пофалбите, а да ги премолчи кртиките кои не и помагаат на земјата.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG