Достапни линкови

Бугарија е новата Грција за македонските евроинтеграции


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Дополнително на односите со Грција, сè почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број на изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје, тоа треба да се реши, изјави еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Радио Слободна Европа.

Освен спорот за името, уште една пречка се исправи кон евроинтеграцискиот процес на Македонија, а тоа официјално е Бугарија и нарушените односи на Скопје со Софија. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за Радио Слободна Европа прецизира дека новиот проблем се односите со Софија и изјави дека во Унијата сè почесто слуша за комплексноста на односите на Македонија со Бугарија.
Мислам дека како прво битно е да се каже дека нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот за односот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на односите со Грција, се почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број на изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје, тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед.

„Мислам дека како прво битно е да се каже дека нема дистинкција, сите соседи се важни за земјата кандидат, за земјата која сака да се приклучи кон Европската унија. Случајот за односот со Грција е очигледен, тоа е прашањето за името кое треба да се реши. Дополнително на односите со Грција, сè почесто слушам за односите и комплексноста на односите со Бугарија. Слушам голем број на изјави од бугарските претставници кои се осврнуваат на проблемите во односите меѓу Софија и Скопје, тоа треба да се реши, тоа треба да биде водено од политичарите од двете страни. Политичарите од двете страни ја имаат одговорноста. Патот кон ЕУ минува низ добрососедските односи и ако сакате да станете добар член на Унијата, единствен можен начин е во исто време да стaнетe добар сосед“, рече Филе.

Тој по трета рунда на преговори изјави дека за прв пат со владините претставници ќе зборува отворено и за прашањето за добрососедските односи, иако тоа досега не беше дел од дијалогот за кој во март се согласија Владата и Европската комисија. Филе истакна дека патот кон ЕУ минува токму низ добрососедските односи и дека тоа е еден од основните копенхагеншки критериуми, кои секоја земја-членка мора да ги исполни, затоа што Унијата сака да се прошири со нови членови, но не сака да ги увезе и нивните билатерални проблеми.

Поранешниот министер за надворешни работи и универзитетски професор Денко Малески вели дека е очигледно оти притисокот од Бугарија станува сè поголем.
Зошто токму сега Бугарија излегува со свои барања кон Македонија има различни причини. Таа е нова членка на Унијата, ѝ требаше време и сè уште ѝ треба време да се консолидира во структурите на НАТО и ЕУ, каде што Грција е долгогодишен член.

„Зошто токму сега Бугарија излегува со свои барања кон Македонија има различни причини. Таа е нова членка на Унијата, ѝ требаше време и сè уште ѝ треба време да се консолидира во структурите на НАТО и ЕУ, каде што Грција е долгогодишен член.“

Со новонастанатата ситуација се наметнува прашањето, дали нарушените односи со Бугарија се адут во рацете на Брисел за поголем притисок кон земјава со оглед на тоа што пред извештајот за напредокот на Македонија, Владата ја извади кризата во коалицијата на маса. Малески на тоа одговора дека претставниците на Унијата имаат должност пред земјите кандидати да ги презентираат и пренесуваат барањата на сите земји членки на Унијата.

„Филе дојде со инвентар, список на работи кои се ставаат на маса во Брисел и тој тука ги пренесува. Не ќе ги ставеше пред македонските соговорници ако тоа не му било укажано во Брисел од страна на држава членка. Очигледно притисокот се зголемува од страна на Бугарија, така што тој тука мора тоа да го испорача, но тоа не мора да биде во некоја посебна врска со меѓуетничките односи кои се предмет на расправа кај нас.“

Малески додава дека додека Грција ја оспорува постарата историја, Бугарија гледа поинаку на поновата, иако тие земји се ривали за влијание врз Македонија. Нивниот заеднички именител што ги прави на некој начин сојузници е темата за идентитетот.

Покрај новоименуваниот проблем, Филе изјави дека прашањето за добрососедските односи прво се однесува на спорот со името, опишувајќи го како врв на ледената санта и додаде дека треба да се направат напори за да се подобрат односите со сите соседи. Тој истакна дека правилата на ЕУ се јасни и дека добивањето на датум за преговори за земја кандидат е политичка одлука која во декември треба да ја донесе Советот на Европската унија.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG