Достапни линкови

Филе - Политичките партии ја дестабилизираат Македонија


Обраќање на еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.

Обраќање на еврокомесарот за проширување Штефан Филе пред Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Македонија.

Политичките партии целат кон сопствените политички бази за сметка на политичката стабилност, рече еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции.

Денеска дојдов со мала загриженост во однос на работата на политичките партии, кои се целат кон сопствените политички бази за сметка на политичката стабилност. Можеме да пратиме колку сакаме пораки од Брисел дека тој пат не води до никаде. Вие сте тие кои имате потенцијал да согледате дека сево ова има потенцијално негативни импликации врз се` што правите, но пред се врз придвижувањето кон Европската унија. Ова е изјавата на еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе, при обраќањето пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции.
Би сакал пресудата на Меѓународниот суд на правдата да е магичното решение кое сите го чекаат, но не е. Тоа е гледање кон минатото и проценување на минатото.

Филе изјави дека е информиран за размената на писма меѓу премиерот Груевски и неговиот грчки колега како и за други прашања.
Средба на претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Средба на претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељановски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.


„Би сакал да разберам како премиерот планира да се постави во ситуацијава. Би сакал пресудата на Меѓународниот суд на правдата да е магичното решение кое сите го чекаат, но не е. Тоа е гледање кон минатото и проценување на минатото.“

Еврокомесарот изрази надеж дека декриминализацијата на клеветата ќе се одвива во согласност со европските стандарди.

Да не бевте денес во Македонија, јас сум убедена дека во сабота немаше да ги добиеме ниту Предлогот за изборниот закон, ниту Предлог законот за справување со клевета и другите проблеми со кои се соочуваа особено медиумите.
„Ова е клучно прашање. Во оваа фаза се надеваме дека декриминализацијата на клеветата ќе напредува во согласност со европските стандарди. Владата усвои предлог закон со кој се декриминализира клеветата. Важно е да се осигура дека кривичниот законик ќе биде ревидиран во согласност со ваквиот пристап.“

Изградбата на стратешка политика за економски развој претставува императив, рече Филе.

„Ова е прашање број еден за граѓаните на Вашата земја, независно од етничката припадност. Подобрувањата на образованието, обуките, бизнис средината и економските политики се витални.“

Македонија никогаш не била бавна во усвојувањето на нови закони, меѓутоа била слаба, а понекогаш и пасивна во нивното имплементирање, изјави претседателката на Советот за евроинтеграции Радмила Шеќеринска.

„Еве ќе признаам и малку е цинично да заблагодарам за вашата посета на Македонија и од една друга причина, а тоа е да не бевте денес во Македонија, јас сум убедена дека во сабота немаше да ги добиеме ниту Предлогот за изборниот закон, ниту Предлог законот за справување со клевета и другите проблеми со кои се соочуваа особено медиумите.“

Знаеме дека немаме друга агенда пред нас, изјави пратеничката на владејачката ВМРО–ДПМНЕ Силвана Бонева.

„Знаеме дека едно од најважните прашања коишто значат мир, стабилност, безбедност и економски просперитет на секоја земја, меѓутоа и на целиот регион е нашата еврoпска агенда.“

Филе забележа дека е постигнат напредок и преземени се мерки во неколку важни области, како во областа на владеење на правото и антикорупциските закони. Еврокомесарот од пратениците побара креативен пристап во решавање на било кое прашање кога станува збор за реформите. Според него, игнорирањето на проблемите не е креативен начин за нивно решавање.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG