Достапни линкови

Над 30 затвореници побегнале од затвор во Северно Мексико


Повеќе од 30 затвореници избегале од затворот во северниот дел на Мексико, на границата со САД. Официјалните лица изјавија дека затворениците избегале низ тунелот под затвор во државата Коахуила. Според некои извештаи 100 затвореници избегале, но таа засега бројка не може да се потврди.
Властите во САД биле информирани за бегството за да им помогнат да ги фатат бегалците преку граница. На крајот на 2010 година, повеќе од 140 затвореници избегале од затвор во пограничниот град Нуево Ларедо. Северниот дел на Мексико е под чести удари на насилства кои ги предизвикуваат наркобандите од тој крај.
XS
SM
MD
LG