Достапни линкови

Тензии меѓу Кина и Јапонија за спорните острови


Продолжуваат тензиите меѓу Кина и Јапонија околу спорните острови во Источното Кинеско Море, за кои и двете земји сметаат дека се нивни. Јапонските фирми ја суспендираа работата на фабриките во Кина, каде што цел на анти-јапонски протести беа јапонски бизниси. Кинеските власти ги повикаа демонстрантите да протестираат мирно. Американскиот секретар за одбрана Леон Панета, кој е во посета на Јапонија, денеска ги повика Пекинг и Токио да го надминат спорот низ преговори.
XS
SM
MD
LG