Достапни линкови

Франција забрани антиамерикански протести


Францускиот министер за внатрешни работи Мануел Валс, денеска ги осуди анти-американските демонстрации одржани синоќа пред американската амбасада во Париз и додаде дека такво нешто во иднина нема да се повтори.

„Забранети се демонстрации. Секое непријателство, секој повик на омраза треба да биде уништен со голема цврстина“, додаде францускиот министер.

Француската полицијата синоќа растера повеќе десетици демонстранти кои протестираа пред амбасадата на САД во Париз, поради контроверзниот филм во кој се исмева пророкот Мухамед.
XS
SM
MD
LG