Достапни линкови

Напредок или технички работи без суштина


Архивска фотографија: Девети состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ во Брисел.
Архивска фотографија: Девети состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Македонија и ЕУ во Брисел.

Владата задоволна од сработеното во пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ, опозицијата обвинува дека власта се занимава со технички работи, а ги игнорира суштинските.

Европската комисија од Македонија побара напредок во пет области, почнувајќи од слободата на медиумите, владеење на правото, јавната администрација, изборното законодавство и пазарната економија. Во пресрет на третата средба на Пристапниот дијалог на високо ниво, која треба да се одржи во втората половина на септември од Секретаријатот за европски прашања информираат дека интензивно работат на исполнување на критериумите кои Комисијата од нас ги побара.
Никогаш досега не сме направиле таков лош документ, за околу половина активности рокот до кога треба да се испорачаат е 2015 или 2016 година. На кого продаваме магла сега, на сопствените граѓани или на Европската комисија?
Лидија Димова, Македонски центар за европско образование.

Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски центар за европско образование.
Лидија Димова претседател на невладината организација Македонски центар за европско образование.
Поконкретно, во однос на декриминализацијата на клеветата и навредата, препораките на експертот на Советот на Европа беа вградени во Предлог-законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда и истиот беше повторно испратен во Советот на Европа и се очекува нивното мислење. Во однос на изборните реформи предлог законите за именување и дополнување на Изборниот законик и Законот за финансирање на политичките партии се доставени на мислење до ОБСЕ/ОДИХР и Венецијанската комисија од каде се очекуваат нивните препораки по однос на предложените измени.
На пример, велат дека ќе донесат Закон за јавни службеници и потоа редат – изготвување на анализа, пишување на драфт-закон за јавни службеници, консултативен процес, ставање на законот во владина процедура... Значи, може ли тој да направи нацрт закон, а сето ова да не го сработи? Затоа не може тоа да го прикажуваш како активност.
идија Димова, Македонски центар за европско образование.

Има подобрување и во однос на судската ефикасност, информираат од кабинетот на вицепремиерката Арифи. Согласно Статистичкиот извештај за работата на Апелациониот суд во Скопје, истиот во рок од три месеци го намалил бројот на нерешени случаи за 36, за истиот период бројот на нерешени случаи во Управниот суд е намален за 10, а во Врховниот суд за 9,8 отсто. Во делот на јакнење на капацитетите на Јавното обвинителство се очекува да се одобрат дополнителни средства од Буџетот во висина од над 1.800.000 денари наменети за опремување на истражните центри чие формирање е предвидено со Законот за кривична постапка.

Опозицијата, пак, се сомнева во искрените намери на власта да ги исполни задачите од претпристапниот дијалог на високо ниво. Од СДСМ велат дека во акциониот план Владата се занимава со ситни и технички работи, а не со крупните и оние кои се приоритетни, како на пример медиумската слобода за која сметаат дека е загрозена, потоа неспроведувањето на реформите во судството и недостигот на политичка волја за развојот на пазарната економија. Иако Владата тврди дека се намалил процентот на нерешени предмети во Апелациските судови и Врховниот суд, од СДСМ тврдат дека статистиката покажува дека во изминатата година не се подобрила работата на судството.

За Лидија Димова од Центарот за европско образование извесно е дека Македонија и оваа есен ќе добие препорака за добивање датум за преговори со Европската унија. За неа оперативниот патоказ од претпристапниот дијалог на високо ниво не е ништо повеќе од обична вежба со која Комисијата ќе покаже пред Унијата дека Македонија нешто сработила.

„Никогаш досега не сме направиле таков лош документ, за околу половина активности рокот до кога треба да се испорачаат е 2015 или 2016 година. На кого продаваме магла сега, на сопствените граѓани или на Европската комисија?“, изјави Димова.

Од друга страна, анализата на оперативниот патоказ покажува дека секојдневните активности на Владата таму се прикажани како активности од патоказот, посочува Димова.

„На пример, велат дека ќе донесат Закон за јавни службеници и потоа редат – изготвување на анализа, пишување на драфт-закон за јавни службеници, консултативен процес, ставање на законот во владина процедура... Значи, може ли тој да направи нацрт закон, а сето ова да не го сработи? Затоа не може тоа да го прикажуваш како активност“, вели Димова.

За дел од експертите, она што се бара во акцискиот план испорачан од Брисел не може да биде предмет на неколкумесечна работа зашто станува збор за процеси на кои и до сега сме морале да направиме значајни резултати. Она што може да се искористи како придобивка од дадената шанса е да се покаже подготвеност да се работи поинтензивно во однос на досега покажаното.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG