Достапни линкови

Високиот дијалог со ЕУ ја врати Македонија во игра


Теута Арифи, вицепремиерката за евроинтеграции.

Теута Арифи, вицепремиерката за евроинтеграции.

Опозицијата ја критикува работата на Советот за радиодифузија. Сите знаеме дека синовите на пратениците Борис Стојменов и Љубисав Иванов-Ѕинго поседуваат телевизии, рече Шеќеринска.

Интензивно и засилено работиме, даваме придонес за исполнување на критериумите кои Европската унија од нас ги побара. Ова е голема шанса да добиеме преговори и да се приближиме до Унијата, рече вицепремиерката Теута Арифи пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции и Собраниската комисија за европски прашања. Вицепремиерката реферираше за досегашната реализација на приоритетите од Патоказот во рамките на Пристапниот дијалог на високо ниво.
Овој процес нам како земја ни е многу битен и е уште една голема, голема шанса да можеме да напредуваме во процесот и полесно да добиеме преговори.

„Овој процес нам како земја ни е многу битен и е уште една голема, голема шанса да можеме да напредуваме во процесот и полесно да добиеме преговори.“
Пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ.

Пратеничката Радмила Шеќеринска од СДСМ.


Пристапниот дијалог на високо ниво успеа да ја врати Македонија во игра, да го зголеми интересот на македонските институции, но и на нашите европски партнери, рече Радмила Шеќеринска од СДСМ. Сепак, изрази загриженост околу недостигот на политичка волја на Владата за реализација на одредени цели кои, како што рече, не и се приоритет.
Во Македонија не ни треба регистар на јавни носители на функции и нивни семејства за да знаеме дека Емил Стојменов, сопственик на една телевизија, е син на Борис Стојменов или да знаеме дека сопственикот на другата телевизија е син на другиот наш колега Љубисав Иванов-Ѕинго.

„Денешната седница, па дури и овој извештај, ја покажува и потенцијалната слабост на пристапниот дијалог на високо ниво, доколку Македонија и нејзините институции се однесуваат како студент кој сака да ги положи испитите учејќи напамет.“

Во областа на медиумите и медиумската слобода, опозицијата ја критикуваше работата на Советот за радиодифузија.

„Во Македонија не ни треба регистар на јавни носители на функции и нивни семејства за да знаеме дека Емил Стојменов, сопственик на една телевизија, е син на Борис Стојменов или да знаеме дека сопственикот на другата телевизија е син на другиот наш колега Љубисав Иванов-Ѕинго“, рече Шеќеринска.

Во извештајот, Владата ги бира приоритетите на кои ќе работи, а ги прескокнува задачите кои не сака да ги исполни. Се занимавате со ситни и технички работи, а се забораваат крупните, рече Шеќеринска која изрази и сомневање во вистинитоста на статистиката во извештајот во однос на подобрената работа на судството.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, пак, забележа на политичката неконзистентност на СДСМ. Порано го отфрлавте Пристапниот дијалог на високо ниво како неуспешен проект на Владата, а денеска го фалите, рече Милошоски.

„Доколку имаме и резултати, но доколку имаме и политичко единство во рамките на Собранието, а не да се обидуваме да се девалвираме една со друга политичка партија или една со друга личност, сметам дека ќе дадеме поголем придонес за да може да ја постигнеме заедничката цел во текот на декември оваа година.“

Патоказот што го презентираше вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи пред пратениците опфаќа 140 задачи од 5-те клучни области од пристапниот дијалог на високо ниво со Европската унија. Задачите кои се наведени во патоказот се однесуваат на областите владеење на правото, реформа на јавната администрација, слобода на медиумите, реформа на изборната легислатива и функционална пазарна економија. Дел од нив треба да бидат завршени до септември, а дел од задачите ќе треба да бидат реализирани до крајот на годината.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG