Достапни линкови

logo-print

Санино - Мост до преговори со ЕУ, а не преку преговорите


Вицепремиерката Теута Арифи се сретна со Стефано Санино, генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија.

Вицепремиерката Теута Арифи се сретна со Стефано Санино, генерален директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија.

Стефано Санино изрази задоволство од напредокот на Македонија и посочи дека дијалогот на високо ниво меѓу земјава и ЕУ е мост до преговорите за полноправно членство со Унијата, а не мост преку преговорите.

Се чини дека дијалогот на високо ниво внесе позитивна динамика во односите меѓу Македонија и ЕУ и веќе гледаме конкретни резултати, оцени генералниот директор на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Стефано Санино, по средбата со вицепремиерката задолжена за евроинтеграции Теута Арифи во Скопје.
Веќе гледаме конкретни резултати и подобрувања, особено во делот на спроведувањето на охридскиот рамковен договор, судството, слободата на изразување или во изборната реформа.

„Веќе гледаме конкретни резултати и подобрувања, особено во делот на спроведувањето на охридскиот рамковен договор, судството, слободата на изразување или во изборната реформа“, рече Санино.

Тој оцени дека заедничката агенда добро напредува, дека претстои напорна работа во наредните месеци и дека очекува конкретни резултати. Санино посочи дека дијалогот на високо ниво е мост до преговорите, а не мост преку преговорите за полноправно членство во ЕУ.

Вицепремиерката Арифи оцени дека дијалогот на високо ниво е многу битен. Таа рече дека е разговарано за повеќе прашања, како што е дијалогот со претставниците на медиумите, извештајот за реализација на охридскиот рамковен договор, работата на управувачкиот комитет за изборите, како и за други прашања наведени во патоказот.

„Идниот состанок на дијалогот на високо ниво е закажан за 17 септември и очекуваме овој процес дефинитивно да се заклучи со реализација на преземените обврски“, рече Арифи.

Наредната сесија од дијалогот е закажана за 17 септември во пресрет на објавувањето на извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија што се објавува на средината на октомври.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG